• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зошто се јавува ракот на хранопроводникот? Печати

Причината за настанувањрто на ракот на хранопроводникот не е до крај разјаснета, како впрочем и за дугите малигноми. Сепак, медицинско-истражувачките сознанија даваат јасни факти за можните кангерогени, кои потенцијално би го предизвикале развојот на туморот.

Потенцијални кацерогени за ракот на хранопроводникот се:

Алкохол и цигари

Жестоките алкохолни пијалоци, пушењето и пиењето заедно во комбинација, несомнено се фактори на ризик за настанување на рак на хранопроводник. Ризикот се зголемува со текот на годините и е зависен од количеството на внесен алкохол и испушени цигари.

Врели чаеви

Наглото пиење на турски и руски чаеви (високо концентрирани) во долг период, предизвикува оштетување на слузницата на хранопроводникот, а со тоа потенцијално се зголемува и ризикот за развој на рак.

Храна богата со нитрати

Храна богата со нитрати е конзервираната храна, месните производи, кои содржат висока концентрација на конзерванси, пушено и саламурено месо. Се смета дека прекумерното консумирање на храна богата со нитрати е еден од тригер-факторите за развој на рак на хранопроводник.

Недостаток на одредени витамини

Недостатокот на витамините А, Ц, Е, Б12, фолна киселина и некои елементи во трагови, како селенот, цинкот и молибденот се, исто така, фактори на ризик за настанување на ракот на хранопроводникот.

Риба со ситни коски и друга храна која предизвикуав механичка дразба на лигавицата на хранопроводникот

Долготрајното внесување на риба и месо од риба со ситни коски, придонесува за постојано оштетување, гребење на слузницата и, според некои автори, е еден од факторите на ризик за развој на рак на хранопроводник.

Наследни фактори

Кај овој тип рак, наследноста е утврдена кај пациентите со tylosom (темно обојување на дланките и стопалата). Кај овие пациенти, ракот на хранопроводникот се јавува до 65-тата година од животот дури во 95% од случаите.

Болести кои го зголемуваат ризикот за развој на рак на харнопроводник

Фактори на ризик за настанување на ракот на хранопроводникот може да бидат и некои болести и состојби. Така, како ризик фактор се спомнува: ахалазијата, инфекцијата со ХПВ вирусот (вирусен езофагит) и рефлуксниот езофагит (горушица).

Долгогодишното постоење и нелекување на рефлуксната болест доведува до промена (метаплазија) на слузницата на хранопроводникот, односно до состојба позната како Баретов езофагус. Кај пациентите со Баретов езофагус, ризикот за настанување на рак на хранопроводникот (аденокарцином) е од 30 до 400 пати поголем во однос на здравата популација.

Најчести се 2 типа на малигни тумори на хранопроводникот: сквамозниот карцином и аденокарциномот. И двата типа на карциноми имаат слични клинички знаци и симптоми и се многу малигни.

Како посебен се издвојува раниот тумор на хранопроводникот, состјоба кога туморот е многу мал, од неколку милиметри до 1 сантиметар и кој расте површно, односно не навлегува во подлабоките слоеви на sидот на хранопроводникот и не метастазира во лимфните жлезди и другите оддалечени органи и ткива.

Од посебна важност за пациентите е токму овој тумор (ран рак), кој, доколку се открие на време, може да се оперира или ендоскопски да се остстрни (со мукозектомија или со ласерско третирање-вапоризација). За жал, раното откривање на ракот на хранопроводникот е многу ретко, поради ниската свест кај пациентите, кои со години ги толерираат симптомите и тешко се одлучуваат да отидат на преглед.

Од особена важност е раната дијагностика. Затоа, на пациентите со болести кои го зголемуваат ризикот за рак на хранопроводник, како и со еден или повеќе фактори на ризик за овој малигном, им се препорачува да прават езофагоскопија барем на секои 3 години, со која посташка ќе може рано, односно на време да се открие раниот рак на хранопроводникот.

Метастази можат да се јават насекаде

Појавата на симптоми кај овој тумор значи дека веќе станува збор за напредната болест.

Симптомите и знаците кај ракот на хранопроводникот се јавуваат како последица на присутниот тумор, како и поради неговото локално ширење во околните здрави структури.

Доминантен примарен симптом за карциномот на хранопроводникот е дисфагијата (отежнато голтање), која заедно со губитокот на телесната тежина, се јавува кај 90% од пациентите. Одинофагијата (болно голтање) е присутна кај 50% од болните.

Засипнатоста на гласот (дисфонија), кашлица, регургитација (враќање) на несварена храна, болка позади градната коска или во епигастриумот, ретко се присутни симптоми и знаци, во раните стадиуми на болеста.

Со текот на развојот на болеста, како што туморот, со својот локален раст ги зафаќа и околните здрави ткива и органи, може да даде различни симптоми и знаци, во зависност од тоа кои структури ќе бидат инфилтрирани со примарниот тумор.

Така, доколку дојде до компресија или инфилтрација на големата вена кава (vena cava superior) се јавува т.н. синдром на вена кава.

Горната вена кава е главна вена во градниот кош која ја носи крвта од горните делови на телото до срцето.

Синдромот на вена кава е делумна оклузија на вена кава. Делумната оклузија доведува до намален проток на крвта низ оваа вена. Симптомите на синдромот на вена кава супериор се:

  • промена на гласот,
  • кашлица,
  • конфузна состојба,
  • зголемени и проширени вени во горните делови на делото, посебно во рацете, вратот и лицето,
  • оток на рацете, вратот и лицето,
  • отежнато голтање.

Доколку малигните клетки преку крвта се расеат во оддалечени ткива и органи во телото, симптомите и знаците ќе зависат од тоа каде кои ткива и органи се зафатени.

Клучна дијагностичка постапка

Најточен начин за дијагноза на сите боеслти на хранопроводникот, вклучувајќи го и ракот, е езофагоскопијата.

Езофагоскопија е често изведувана процедура со која се овозможува директна визуелизација на внатрешноста на хранопроводникот (езофагус) со помош на ендоскоп, кој е флексибилен, совитлив инструмент.

Поновите езофагоскопи ги пренесуваат сликите електронски, додека постарите типови со помош на фибер-оптички систем.

Езофагоскопијата е иницијална процедура за потврдување на рефлуксен езофагит (рефлуксна болест), потврда на ерозии, диверикулуми (вреќести проширувања на sидот на хранопроводникот), но и за карцином на хранопроводникот. Езофагоскопијата се изведува со ендоскоп, кој има форма на цевка, долг е околу 100 см, со дијаметар од 9 мм. Во внатрешноста на ендоскопот се наоѓа оптичкиот системи и рaботен канал (преку кој по потреба се зема биопсија или се сопира крварење во хранопроводот или желудникот), на врвот се наоѓа камера и светло со што е овозможена директна визуализација.

Доколку лекарот при езофагоскопијата забележи некоја сомнителна промена на слузницата на хранопроводникот, тој со помош на едноскопот, кои има специјален дел за биопсија, зема дел од сомнителната промена. Материјалот земен со биопсија се праќа на хистопатолошко испитување кај лекар, специјалист-патолог. Патологот дава дефинитивна хистопатолошка дијагноза. При тоа може да се одреди хитолошкиот тип на туморот, како и степенот на диференцираноста на туморот, што е од голема важност за одредување на соодветна терапија.

Степенот на диференцираноста на туморот т.е градусот, ја одредува и неговата агресивност и е битен прогностички фактор на болеста.

Одредувањето на хистолошкиот тип на туморот е од голема онколошка важност, бидејќи само сквамозниот карцином е радисензитивен и може да се лекува со зрачна терапија.

Дополнителни дијагностички процедури за ракот на хранопроводникот се: езофагографија со бариумска каша, рендгенграфија на бели дробови, компјутеризирана томографија на градниот кош.