• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Исхраната во превенцијата и лекувањето на малигните заболувања Печати

Малку јагленохидрати, многу белковини и квалитетни растителни масла – ова се препораките кои се засновани на резултатите од најновите истражувања за превенцијата на малигните заболувања и моментно се хит во светот. Истражувачите од цел свет трагаат за средство со кое би го победиле ракот. За жал, сеуште не е откриено сигурно средство кое ќе го победи ракот. Но, постојано има нови поединечни откритија кои би можеле еден ден да дадат решение на овој проблем.

Др. Јоханес Кој со години ги истражува биохемиските процеси кои учествуваат во настанувањето на ракот. Овие негови истражувања доведоа до важни заклучоци.

Денес со сигурност се знае дека клетките на ракот имаат екстремно голема потреба за шеќер. Тие имаат 20- 30 пати поголема потреба за шеќер отколку здравите клетки. Ако со планска исхрана се ограничи консумирањето на шеќер, тоа може да го закочи растот на малигните клетки.

Здравата и добро испланирана исхрана може да помогне и во превенцијата на ракот. Луѓето кои здраво се хранат имаат помал ризик да заболат од рак.

Гаранција не постои. Оваа исхрана не може сама да го излечи или да го спречи ракот, но помага да се сочуваат здравите клетки и ја потпомага терапијата.

Гликозата, односно шеќерот. е најважен снабдувач на енергија. Сепак, според д-р. Кој, треба да се избегнува внесување на прекумерна количина на шеќер, кој доведува до големо прекумерно лачење на инсулин. Многу намирници, како што се рибата, овошјето и зеленчукот поволно влијаат на метаболизмот.

Јадете многу овошје и зеленчук

Треба да се избира овошје кое не содржи многу овошен шеќер и кое нема да го зголеми нивото на шеќерот во крвта (слива, капина, малина, рибизла, грејпфрут, лимон, портокал и др.)

Внесувајте многу растителни влакна

Растителните влакна се неопходни за правилно варење на храната. Тие се внесуваат со овошјето, зеленчукот и интегралните житарици. Оваа храна е сиромашна со шеќер.

Намалете го внесот на шеќер

Намалете ги внесот на шеќерот, и тоа не само оној што е очигледен, како што е шеќерот од слатките и тортите. Постојат и многу скриени извори на шеќер, како што се готовите јадења, разните сосови, кечапот и слично. Скробот од тестенините, лебот или компирот, исто така, директно се претвара во шеќер во организмот. Затоа уделот на намирниците богати со скроб во исхраната треба да биде мал.

Јогурт

Др. Кој препорачува секојденвно да се јаде храна богата со млечна киселина, на пример јогурт, сирење или кисела павлака. Со внесување на млечната кислеина со исхраната се намалува количината на млечната киселина во телото. Со тоа се намалува киселата средина во организмот, која погодува за развој и ширење на туморите.

Белковини

Додека треба да се намали внесот на намирници богати со јагленохидрати, треба да се зголеми внесост на намирници богати со белковини. На тој начин телото добива енергија од рибата, месото и јајцата.

Здрави масти

Мастите се важни снабдувачи на енергијата, а покрај тоа тие го кочат и разградувањето на јагленохидратите. Според д-р. Кој, важно е во исхраната да се користат доволно високовредни растителни масла, како што се маслиновото, лененото и ореовото масло.

Користете го лукот како зачин

Лукот е антиоксиданс, бидејќи е богат со аминокиселини кои содржат сулфур, кои ги штитат клетките.

Како најпопуларен лековит зеленчук на традиционалната медицина, лукот во втората половина од минатиот век станал објект на бројни научни истражувања. Овие истражувања ја потврдиле неговата сестрана лековитост.

Резултатите од големата клиничка студија, која испитувала околу 50 000 жени од Ајова (САД), на возраст од 55 до 65 години, покажале дека лукот е зеленчук кој, во голема мерка, штити од рак на дебело црево.

Што е важно уште?

Правилната исхрана е само еден од елементите на превенцијата. Но, здравјето го чуваат уште и:

  • Умерената физичка активност – секојдневната физичка активност е здрава. Шетањето и возењето на велосипед го јакнат имунолошкиот систем. Се препорачува физичка активност 3 пати неделно, во траење од најмалку 30 минути.
  • Превентивните прегледи – ако ракот навреме се открие, тој успешно се лекува. Превентивните прегледи се многу важни за рано откривање на ракот.
  • Воспаленијата треба да се сватат сериозно – Воспалителните процеси често имаат удел во настанувањето на ракот. Затоа сите воспаленија, како на пример воспалението на слузницата на желудникот (гастрит) или воспалението на непцата (парадонтоза) и други, треба благовремено да се лечат.