• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Ракот на грлото на матката може да се искорени во следните 50 години Печати

Ракот на грлото на матката може да се искорени во следните 50 години, ако земјите ги имплементираат националните скрининг програми за откривање на Хуманиот папилома вирус (ХПВ), кој ја предизвикува болеста, заедно со програмите за вакцинација против вирусот.

Ова го изјавил Prof. Jack Cuzick на најголемиот европски конгрес за ракот, ECCO 15 - ESMO 34, кој се одржа оваа година во Берлин. Тој изјави дека сега постои вакцина против двата најчести типови на ХПВ вируси, кои предизвикуваат рак на грлото на матката. Но, во скора иднина ќе биде достапна и вакцина која ќе штити од 9 видови на ХПВ вируси.

„Доколку вакцинацијата оди во комбинација со ХПВ скрининг, тогаш највероајтно ракот на грлото на матката ќе се искорени во оние земји кои успешно ќе ги спроведат овие национални програми. Меѓутоа, ова бара политичка волја и заложба на национално и на европско ниво“, изјавил Prof. Jack Cuzick .

„Важно е да се нагласи дека ХПВ вирусот е одговорен за сите карциноми на грлото на матката. Ако може да се искорени вирусот, ракот на грлото на матката нема да се појави. Тековната вакцината ветува искоренување на околу 70-75% од цервикалните карциноми (предизвикани од ХПВ тип 16 и 18). Новите вакцини, кои моментно се во фаза на испитување, ќе штитат од 9 типови на ХПВ вируси. Ако се покажат успешни, нема да има потреба од скрининг кај жените кои ќе се вакцинираат.

Иднината е:

...вакцинирање и непостоење на потреба од скрининг. Бидејќи сегашната вакцина штити само од два типа на ХПВ вирус, сеуште е потребен скрининг за рак на грлото на матката, кај жените кои се вакцинирани. Но, по околу 50 години, доколку се спроведе вакцинација против сите 9 видови на ХПВ вируси, ракот на грлото на матката би можел да се искорени“, истакнал Prof. Jack Cuzick.