• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Диоксин – причинител на рак и други болести Печати

Диоксинот е хемиско соединение на база на хлор, кое се добива по вештачки пат, при произведување на поливинил-хлорид (PVC). Покрај тоа, се користел и за произведување на хербициди и воени отрови. Диоксинот спаѓа во многу отровни соединенија.

Според научните истражувања, кои ја споредувале отровноста на токсините, најотровен е токсинот на ботулизмот, потоа токсинот на тетанусот, на трето место се токсините на дифтеријата, а на четврто место е диоксинот.

Поливинил-хлоридот (PVC) многу често се користи во современиот живот, а неговиот нуспроизвод – диоксин е едно од најтоксичните хемиски соединенија. Најголеми количини на диоксин се ослободуваат при горење на голема количина пластика. Во средините каде што се горат големи количини на пластика, чадот по одењето во атмосферата, повторно се враќа како талог и со дождовите се таложи во земјата и ја контаминира.

Преку растенијата и тревата, диоксинот се внесува во организмот на животните, а со јадење на месо и човекот го внесува во својот организам.

Во мали количини, диоксинот се ослободува и кога се загреваат или замрзнуваат пластичните шишиња.

Дејството на диоксинот на организмот

Тоа што го прави диоксинот многу опасно соединение е фактот дека и во мали количини тој може да предизвика пад на имунитетот на организмот (имуносупресија). Со намалувањето на имунитетот, секој организам е многу подложен на дејството на вирусите и бактериите.

Смртна доза на диоксин за глувците, во лабораториски услови, е 1микрограм на килограм телесна тежина, а 100 пати помала концентрација на диоксин е канцерогена.

Заболувања

Хлорниот диоксин во појаки дози може да предизвика појава на акни, кои многу долго се лекуваат. Докажано е дека диоксинот и во мали количини предизвикува многу заболувања: тумори, болести на жлездите со внатрешно лачење, шеќерна болест, кожни заболувања, а негативно влијае и на плодноста и на функциите на мозокот (на памтењето и концентрација).

Докази

Со систематски прегледи и со статистичка обработка на податоците во најразвиените земји утврдено е зголемување на бројот на заболени од малигни болести, а еден од причините за тоа е внесувањето на диоксинот во организмот (со вдишување и со исхраната).

Додека бил председнички кандидат, Виктор Јушченко (Украина) изненадно заболел од тогаш непозната болест. Тестовите покажале дека неговата лоша здрвствена состојба била предизвикана од труење со диоксин.

Своевремено биле водени судски спорови за отровното дејство на хербицидите, кои биле користени во Виетнамската војна. Таму биле користени хербициди, кои покрај другите состојки, содржеле и извесна количина на диоксин. Иако овие случаи биле заташкани. било установено дека диоксинот предивикал зголемен број на заболени од рак кај Виетнамците, но и кај американските војници, кои од авион ги распрскувале хербицидите.

Американските научници утврдиле дека диоксинот се ослободува и при загревање или ладење на намирниците во пластична амбалажа. Посебно е опасно да се подгрева храната во пластична амбалажа и во микробранова печка.

Совети

За да го намалите отровното дејсто на диоксинот, ви препорачуваме:

  • намалете го внесувањето на храна прскана со хербициди,
  • намалете ја употребата на пластична амбалажа за чување на храна,
  • не ја подгревајте и не ја замрзнувајте храната во пластична амбалажа,
  • не ја замрзнувајте водата за пиење во пластични шишиња.