• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Болка
Комплементарни третмани за болка - Лист 3 Печати
Индекс на артикл
Комплементарни третмани за болка
Акупунктура
Акупресура
Биофидбек
Дистракција
Топло и Ладно
Создавање на слики
Медитација
Бихејвиорална терапија
Сите страници

Акупресура

Можеби ниедна терапија во светот не е толку стара како акупресурата. За неа се вели дека е стара колку и самиот човечки инстинкт. Така, природна реакција е да со раката го допреме местото на кое сме почувствувале болка или непријатно чувство.

Суштината на акупресурата, која во тек на изминатите милениуми ја усовршувале Кинезите, се сведува на тоа да на местото кое боли му се возврати со иста мерка т.е. со јак притисок.

Со едноставен притисок на меридијаните, а тоа се патиштата кои ги поврзуваат површината на телото и внатрешните органи, може да се отстранат, или да се ублажат низа на тегоби, како: воспоставување на душевна и телесна хармонија и отстранување на стресот, кој пак од своја страна ја појачува болката, лекување на депресијата, нервозата, вознемираноста.

Покрај тоа што ја намалува болката, акупресурата помага и за повторно воспоставување на равнотежата на телото, ја отстранува напнатоста и стресот, кој го оневозможува нормалното функционирање на организмот и негативно влијае на имунитетот. Таа му овозможува на телото да се приспособи на промените во околинината во која егзистира, а на тој начин и им пружа отпор на болестите.

Акупресурата ги користи истите точки како и акупунктурата. Основна разлика е во тоа што кај акупунктурата се користат специјални игли, а кај акупресурата се користи притисок со дланката, прстите, па дури во некои техники и притисок со стопалото. Предноста на акупресурата е во тоа што е многу едноставна и може да се изведува било каде и било кога. Акупресурата може да ни помогне кога сме вознемирени, кога сме под стрес и кога сакаме повторно да воспоставиме внатрешен мир и равнотежа.

Ние често влијаеме и несвесно. Така, ние си помагаме дури и тогаш кога ќе ги протриеме дланките една од друга, се додека тие не се загреат. Така настанува поле на магнетен напон кое ги стимулира тековите на животната енергија во телото, па телото и духот ги доведува во состојба на хармонична уравнотеженост. Добро е потоа, како што велат исцелителите, рацете да се тријат во ладна вода околу 5 минути, со што ќе се ослободиме од преостанатата негативна енергија.

Иако акупресурата не може да ја замени медицинската терапија, сепак, таа е нејзино извонредно надополнување. Таа е една од наједноставните начини да се овозможи и постигне равнотежа и душевна хармонија. Акупресурата може да им помогне на болните со карцином, намалувајќи го интензитетот на хроничната болка, но и со отстранување на стресот, вознемиреноста, депресијата, и пореметувањата во спиењето, кои настануваат како резултат на постоењето на тешката болест.