• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зошто скрининг на простата? Печати

Ракот на простатата е втор по честота тумор кај мажите, веднаш после ракот на белите дробови. Честотата на ракот на простатата е во постојан пораст.

Тоа што треба да се истакне е дека ракот на простатата е излечива или хронична болест. Излечива, доколку се открие на време, кога болеста е во својата рана фаза, односно кога туморот е ограничен само на простатичната жлезда, а хронична, доколку ракот се проширил на другите далечни ткива и органи. Пациентите со метастатски карцином на простата, кои примаат адекватна терапија, можат долго време да имаат квалитетен живот.

Токму поради ова, многу е важен скринингот (редовна контрола) на простатата, кој помага да се открие ракот во неговата рана, почетна фаза, кога целосното излекување е можно дури во 98% од случаите.

За жал, кај нас сеуште свеста за важноста на скринингот на простатата е на ниско ниво. Поради тоа, кај нас годишно се јавуваат само дваесетина болни со ран рак на простата, кај кои ракот е откриен навреме. Тоа значи дека кај многумина пациенти болеста не се открива во рана фаза, туку многу подоцна, кога болниот веќе има метастази. Тие болни имаат помали шанси за целосно излекување.

Мажите со страв и срам доаѓаат да извршат прегледи, иако лекувањето зависи од тоа во кој стадиум е откриен карциномот. Затоа е потребно да се подигне општата и медицинска култура кај мажите, со цел карциномот да се открие што порано.

Раната дијагноза и неговата навремена терапија доведува до целосно излекување дури во 98% од случаите. Токму поради ваквата висока стапка на преживување во раните стадиуми на болеста, се препорачува, секој маж над 50-та година, без разлика дали има проблеми со мочањето, да отиде еднаш до два пати во годината на преглед. На тој начин ќе се овозможи навремено и успешно излекување на карциномот.