• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Кога, како и зошто се прави биопсија на простата? Печати

Биопсија на простатата се прави кога ќе се постави сомневање за постоење на рак на простатата. Ако нивото на ПСА маркерот е над нормалните вредности во крвта и ако при анален преглед се напипа тврдина во простатата и при ултразвучен преглед се видат промени во простатата, следен чекор е биопсија на простатата.

Биоспијата се први под контрола на ултразвук. Имено, урологот може за време на трансректалниот ултразвучен преглед да земе парчиња од ткивото на промената. Биоспијата се зема со помош на специјална игла. Обично се земаат 8 до 12 примероци од ткивото на простатата од неколку различни места на жлездата.

Биопсијата се изведува со анестезија, но може да биде непријатна.

Биоспијата може да биде поврзана и со некои компликации. Така, при биопсијата Постои мал ризик од развој на инфекција. Затоа се даваат антибиотици за да се спречи појавата на инфекција.

По биопсијата може да се забележи крв од аналниот отвор, во мочта или да се јави ејакулација.

Ова се краткотрајни промени кои брзо исчезнуваат откако ќе се смири местото од каде се земени примероците.

По земањето на примероците од ткивото на простатата, тие се праќаат на микроскопско испитување кај специјалист-патолог.

Зошто е потребна биосијата на простатата?

И покрај тоа што ПСА тестот е позитивен и се видени и опипани промени на простатата, тоа не е доволен доказ дека станува збор за рак на простата. Затоа е потребна биопсија, односно земање на материјал од сомнителната промена во простатата и негово патохистолошко испитување. Само патологот може да даде дефинитивна дијагноза на ракот на простата.

Патологот може да одреди дали има присуство на карциномски клетки, да го утврди видот на карциномот, како и неговата агресивност (колку брзо може да расте туморот).

Понекогаш карциномот може да биде присутен само во мал дел од простатата. Поради тоа, со биопсијата може да се „промаши“ таа промена и да се добие т.н. „лажно“ негативен наод. Доколку лекарот сепак се сомнева за присуство на карцином, по некое време се повторува биопсијата (ребиопсија).

Комбинираните информации од ПСА тестот, од аналниот преглед и од биопсијата ќе помогнат за поставување на прецизна дијагноза.