• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Шпаргла (аспарагус) – здрава и лековита билка

Иако на нашите простори шпарглата (аспарагус) ретко се користи, таа претставува богат извор на минерали и витамини и на други здрави состојки.

Шпарглата има мала хранлива вредност. Во 100 грама шпаргла има околу 20 калории. Од хранливи материи, шпарглата содржи: 13,78 g протеини, 17 g јагленохидрати, минерални соли: калциум, фосфор, железо, калиум, магнезиум, витамини: А, Б1, Б2, ПП, Ц, Д и стероидни гликозиди, кои имаат антивоспалително дејство. Богата е со фолна киселина и со аспарагин.

Одгледувањето на оваа билка претставува важна гранка на земјоделството во Западна Европа, Америка и Азија, а исто така, шпарглата ја користеле и старите Египќани.

Шпарглата го јакне срцето и крвите садови

Шпарглата го снабдува организмот со магнезиум, бакар, фолна киселина и со витамин Е, со што го јакне срцето и крвните садови. Затоа таа често им се пропорачува на лицата со срцеви заболувања и со атеросклероза. Го спречува таложењето на масните наслаги во крвите садови и ги чисти.

Шпаргалата ги чисти бубрезите и мочните патишта и е природен диуретик

Шпарглата, исто така, е богата и со калиум, кој помага за чистење на бубрезите и мочните патишта. Нејзина главна состојка е аминокиселината аспарагин, која ја поттикнува работата на бубрезите, го активира црниот дроб и жолчната кеса, а со тоа го потпомага и излачувањето на отровните материи од организмот. Таа е природен „чиста“на крвта и на целиот организам.

Шпарглата е позната како природен диуретик, а поради содржината на аспарагин, таа им се препорачува на лицата со срцеви и бубрежни тегоби, како и на слабокрвните, малаксаните и реконвалесцентните лица.

Шпарглата го подобрува варењето на храната

Аминокиселината аспарагин, која ја има во шпарглата, го активира црниот дроб и жолчната кеса и го подобрува варењето на храната. затоа, овој зеленчук им се препорачува на лицата кои имаат проблеми со варењето. Шпарглата го помага нормалното празнење на цревата и ги намалува тегобите, како што се надуеност на стомакот, присуство на гасови и друго.

Шпаргалата е одлична за мозокот и нервите и го активира хормонот на среќата

Шпарглата ја подобрува концентрацијата и ги јакне нервите. Најновите студии потврдиле уште едно благотворно дејство на шпарглата. Нејзините состојки во човечкиот мозок го активираат хормонот на среќата - серотонин, кој е одговорен за доброто расположение. Шпарглата ја смирува и ублажува нервозата и раздразливоста и е корисно природно средство против несоница.

Шпаргала е одлична храна за дијабетичарите

Шпарглата е добра и за дијабетичарите. Содржи малку калории и јагленохидрати, а е богата со витамини, минерали и други здрави состојки. Таа помага во регулацијата на нивото на шеќерот во крвта.

Шпаргала е природен лек против воспление

Некои истражувања докажале дека шпарглата има и антивирусно дејство. Таа им се препорачува на лицата со воспаление на зглобовите, со воспаление на мочните патишта и на простатата.

Надворешно, шпарглата може да се користи и за облоги против екцеми.

Шпарглата е одлична за кожата и очите

Ако сакате да имате здрава и убава кожа, припазете на исхраната. Покрај морковот, спанаќот и другите видови на зеленчук, и шпаргала ја храни кожата од внатре и ја прави мека, еластична, млада и здрава. Таа го обновува колагенот во кожата, па на тој начин го успорува нејзиното прерано стреење.

Шпарглата е добра и за видот. Го спречува слабеењето на видот, кое може да се јави во подоцнешна возраст.

Шпаргала е одлична за одржување на нормална телесна тежина

Шпарглата е нискокалорилен зеленчук, па затоа е добра за одржување на нормална телесна тежина. Често се наоѓа многу диететски програми. Шпарглата содржи хром, микроелемент, кој го намалува чувството на глад.

Препораки
  • При приготвувањето на шпарглата, битно е да не се излупи надворешниот слој, бидејќи во него има најмногу витамини и минерали. Шпарглата може да се јаде како салата, како вариво и супа.
  • Белата и зелената шпаргла имаат скоро исти витални состојки: зелената шпаргла содржи повеќе хлорофил и помага за подобро памтење и за намалување на стресот, додека белата шпаргла има повеќе аспарагин и му дава снага на организмот.
  • Најздрав начин на јадење на шпаргла: шпарглата се вари да стане мека, се попрскува со маслиново масно, а на крај се зачитува со ситено сецкани билки и со пармезан.
  • Со шпарглата, Prof. Bankhofer, познатиот светски нутриционист, советува да се пие само бело вино, никако црно, бидејќи танинот во црното вино го уништува дејството на витаминот Б1, кој ни е потребен како храна за нервите.
 

Прочитајте и: