• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Леукемија и Лимфома здружение – 60 години иновација Печати

Леукемија и Лимфома здружението (Leukemia & Lymphoma Society - LLS) е најголема доброволна здравствена организација во светот. Оваа организација помага во обезбедување на парични средства за финансирање на научните истражувања за ракот на крвта, помага за подобра едукација на луѓето за сите аспекти на болеста, вклучувајќи ја превенцијата, раното откривање и можните третмански опции, и ги поддржува заболените и нивните семејства во борбата против ракот. Организацијата, со своите активности, го подобрува квалитетот на животот на пациентите и нивните семејства.

Од своето основање во 1949 година, LLS има инвестирано повеќе од 600 милиони американски долари во истражувања за изнаоѓање на нови лекови и подобри терапии за ракот на крвта. Во 2008 година, ова здружение донирало 71.4 милиони долари. LLS ги поддржува напорите на истражувачите да пронајдат нови молекуларни таргет терапии и потенцијални имунотерапии.

Во 2009 година, здружението за леукемија и лимофом - LLS ја прославува 60-годишнината од своето постоење со лансирање на специјална веб-страница, lls.org/innovation. На оваа веб страница може да се најдат многу корисни информации за ракот на крвта. Таа има и интерактивен карактер. Во креирањето и работењето на веб страницата учествуваат многу ескперти од областа на онкологијата, кои со своето знаење и искуство помагаат за подобра едукација на луѓето за ракот на крвта.

Главна определба на здружението е да им помага на пациентите да живеат подобро и подолго. Воедно, здружението не само што ги поддржува пациентите, туку ги поддржува и нивните семејства и им помага во борбата против ракот на крвта.

„Ние сме, и секогаш ќе бидеме посветени на нашата главна мисија: лекување на леукемијата, лимфомот и миеломот и подобрување на квалитетот на животот на пациентите и нивните семејства“, изјавил претседателот и главниот извршен директор на здружението, Dr. John E. Walter.

Следниов извадок е земен од говорот на Dr. John E. Walter, одржан на годишната конференција на LLS, во ноември 2008 година.

„Како што се приближуваше нашата 60-годишнина, се најдов себеси како размислувам за нашата иднина и за нашите амбициозни цели кои си ги поставивме. И се запрашав: „Што е тоа кај Леукемија и Лимфома здружението, кое ќе ни овозможи да ги постигнеме нашите цели?

Сите компании и организации, со цел да преживеат и да напредуваат во овој свет, мора да ги имаат следниве надлежности: услуги на клиентите, оперативна способност и вештина да иновираат. Но, само една од овие надлежности е таа која ја движи организација напред. Над сè она што го правиме (услуги за пациентите, научни програми, едукативни програми) е иновацијата.

Иновацијата е основна надлежност на нашата организација, во текот на нашето 60 годишно постоње. Иновацијата е таа која ја направи LLS успешна организација, каква што е денес.

Иновацијата е одговорна за нашиот огромен раст и развој и за огромниот напредот кој е постигнат во третманот на пациентите со рак на крвта.

Dr. John E. Walter, Претседател и главниот извршен директор на „Леукемија и Лимфома здружението“.