• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Септември - светски месец на простатата Печати
...
  • Дали сте маж на возраст од 40-75 години?
  • Дали вашиот татко или брат имале рак на простата?

Направете ПСА тест и дигитален ректален преглед!

Еден од 6 мажи ќе заболи од рак на простата, 35% ќе бидат под 65 годишна возраст.

Септември е месец посветен на подигањето на свеста кај луѓето за заболувањата на простатата, особено за ракот на простата. Ова е време кога треба да помислиме на своите најблиски и да разговараме со мажите во нашиот живот - без разлика дали е тоа нашиот татко, пријател, маж, син или брат. Време е повеќе да говориме за ракот на простата.

Ракот на простатата е второ по честота малигно заболување во развиените земји, кај мажите постари од 50 години. Од 1000 мажи на возраст над 50 години, околу 136 ќе заболат од рак до нивната 80-та година, а околу 27 од нив ќе умрат.

Во Европа, како причина за смрт кај мажите, ракот на простатата е на второ место веднаш по ракот на белите дробови. Ракот на простата веќе избил на прво место во САД.

Годишно од болеста, која е на второ место по смртност кај мажите во Македонија, заболуваат околу 70 -80 нови пациенти, а дури 90% од нив се откриваат во доцна фаза, кога и целосното излекување на болниот е речиси невозможно. Оваа болест ги погодува мажите по 50-та година. Во земјава, дури две третини од болните со рак на простата се мажи постари од 65 години.

Во светски размери годишно се регистрираат околу 400 000 нови случаи, од кои дури 170 000 случаи завршуваат со смртност.

Бројката на болни и кај нас од година во година се повеќе се зголемува, додека пак свеста на граѓаните за навремени прегледи е многу мала. Ракот на простатата во Македонија е во пораст.

Малигните заболувања се наоѓаат на второ место по честота на јавување по кардиоваскуларните болести. Нивната инциденција рапидно се зголемува и постојат големи шанси овие заболувања да избијат на прво место.

Затоа, искористете го овој месец за да направите рутински преглед на простатата, особено ако сте на возраст од 40 години или повеќе.

Рутинскиот тест на простатата или скринингот на простатата се изведува лесно и безболно. Скринингот на простатата се состои од дигитален ректален преглед и од испитување на туморскиот маркер ПСА (простатичен специфичен антиген) во крвта. Овие две скрининг методи можат со голема точност да го откријат раниот рак на простата.

Раниот рак на простата е излечив дури во 98% од случаите.

Скринингот спасува многу животи.

Дознај повеќе: