• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Пченка – храна и лек

Кога бараме храна богата со антиоксиданси, за која се верува дека штити од појава на рак и други заболувања, обично размислуваме за егзотично овошје и редок зеленчук. Но, докажано е дека и житариците, а особено пченката, се богати со антиоксиданси.

Пченката е богата со: диететски влакна, кои го намалуваат холестеролот во крвта, со фолна киселина, која ги чува крвните садови, со витамин Б1, кој е важен за добрата работа на мозокот.

Варена и печена пченка

За разлика од зеленчукот, кој е поздрав сиров отколку варен, пченката е поздрава кога термички ќе се обработи. При термичката обработка на пченката, при варење или печење, од неа се ослободуваат молекули кои го штитат телото од штетните ефекти на слободните радикали, што ја прави пченката природен заштитник против низа дегенеративни заболувања како што се: рак, Алцхајмерова болест, болести на срцето и крвните садови и други.

Термичката обработка на пченката ја зголемува и активноста на антиоксидативните молекули и нивото на фитоматериите со кои пченката обилува, а на кои им се препишуваат антиканцерогени својства на пченката.

Качамак

Од пченката се приготвува качамак, многу нутритивно вредна намирница, која не го оптеретува организмот со вишок калории. Имено, 60 грама варен акчамак (приближно една поција) содржи само 44 килокалории, 2 грама масти, при што преовладуваат сложените и прлостите незаситени мсти и 44 грама јагленохидрати. качамакот содрѓи бета каротин, провитамин А, витамин Б1, како и многу други витамини и минерали, вклучувајќи ги витаминот Б5, фолната киселина, нијацинот, витаминот Ц, фосфорот, калиумот и магнезиумот.

Поради богатството на хранливи и здрави состојки, производите од цело зрно на пченица се одличен избор за почеток на денот.

Пченкарни снегулки (corn flaces)

Пченкарни снегулки се здрав и хранлив производ, добиеn од пченката. Тие се богати со скроб, протеини, минерали. Пченкарни снегулки се природен лаксатив и ја подобруваат работата и празнењето на цревата.

Пуканки

Пуканките содржат материја – триптофан, која телото ја петвара во серотонин – природно средство против депресија и анксиозност. Тие се богати и со јагленохидрати, па го поотикнуваат ослободувањето на инсулинот во крвотокот, а тој ги чисти сите аминокиселини кои му сметаат на триптофанот да дојде до мозокот.

Благодарение на инсулинот, триптофанот има „чист пат“ и се пробива до мозокот, каде се претвара во „хормон на среќата“ – серотонин. Серотонинот дава чувство на задоволство, овозможува нормален сон, го намалува апетитот и го зголемува прагот на болката. затоа, наредниот пат, кога ќе изедете повеќе пуканки, немојте да ве гриќи совест. И тие ни помагаат да се чувствиваме подобро. Сепак, пуканките не треба многу да се солат и да им се додава многу масло.

Пченкарна свила

Пченкарната свила е едно од оние средства, кои на многумина им звучат како „бабин лек“. И навистина, пченкарната свила многу долго се користи како природен народен лек, и тоа не само кај нас, туку и во многу други земји во светот.

Пченкарната свила е од голема помош при некои заболувања. Таа е природен лек, кој не дава несакани, штетни последици. Свежата пченкарна свила во себе содржи етерично масло, смола, гума, алкалоид кој има својство да ги стега крвните садови, хлорофил, фосфорна киселина, манган и доста калиум и магнезиум.

Добро е да се знае дека не секоја пченкарна свила е добра. Пченкарната свила, скината од пченка која е прскана со многу хербициди и пестициди, не е здрава, бидејќи со неа во организмот ќе се внесе и одредена количина на штетни материи. Најдобра е пченкарната свила од биолошки одгледувана пченка, далеку од индустриските погони, патиштата и пругите.

Како делува пченкарната свила?

Одговорот е едноставен:пченкарната свила е, во форма на чај, еден од најјаките природни диуретици. Со консумирање на овој чај, во тек на 24 часа, може за неколку пати да се зголеми количината на излачената мочка и тоа без штетни поседици, што е особено важно кај оние заболувања каде насобирањето на течностите делува неповолно на целиот организам.

Чајот од пченкарна свила ги намалува болките (грчевите) во бубрегот. Исто така, со исфрлањето на поголемата количина на течности од организмот, се исфрла и вишокот на фосфор и белковини, што значително ги намалува ревматските тегоби, тегобите при гихт, кои се пратени со болки во зглобовите. Исто така, чајот од пченкарната свила им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот–асцит и целодробната обвивка–плеврит).

Уште нешто: Со водата се излачуваат и штетните материи од организмот, па редовното консумирање на чај од пченкарна свила е вистински природен лек за детоксикација на организмот.

Чајот од пченкарна свила ја јакне крвта, ја подобрува циркулацијата и функцијата на црниот дроб. Помага при сите заболувања на бубрезите и мочните патишта, при воспление на мочниот меур (цистит), помага при ноќно мокрење.

Можеби ќе се запрашате зошто ви е чај од пченкарна свила, кога сте потполно здрави. Поради изразеното диуретичко дејство, чајот од пченкарната свила може да ви помогне и кога сакате да се ослободите од вишокот килограми (секако и со помош на адекватна диета и физички вежби). Со помош на чајот од пченкарна свила, вашиот организам забрзано ќе ги исфрли сите штетни материи.

 

Прочитајте и: