• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Јагленохидрати - важни состојки во исхраната

Здравата ихрана подразбира внесување на балансирано количество на протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали. Потребно е да се внесуваат поголеми количини протеини и јагленохидрати, а помалку масти. Во исхраната посебно е важен внесот на витамини и минерали, кои ги има најмногу во свежото овошје и зеленчук.

Јагленохидратите се важни состојки во исхраната. Конзумирањето на јагленихидратите би требало да биде 55-60 % од калориите, советуваат нутриционистите. Треба повеќе да се јадат сложени јагленохидрати, кои ги има во зеленчукот, овошјето и житариците, отколку едноставни (прости) јагленохидрати, кои се наоѓаат во шеќерите.

Сложените јагленохидрати даваат повеќе растителни влакна, витамини и минерали во исхраната отколку храната со високо рафинирани шеќери. Храната богата со сложени јагленохидрати обично е малку калорична, содржи малку масти и холестерол.

Сите јагленохидрати не се исти. Нивната основна функција е да му обезбедат енергија на телото, особено на мозокот и на нервниот систем. Сложените јагленохидрати се наоѓаат во: интегралните житарици, во сите лебови од интегрални житарици, компири, овошје, и зеленчук.

Едноставните (прости) јагленогидрати (шеќери) се оние кои се наоѓаат во слатките и белото брашно.

Телото ги претвара и едноставните и сложените јаглени хидрати во гликоза (шеќер во крвта), која се користи за енергија. Вишокот шеќер, кој не се искористува од организмот, се претвара во масти.

„Храната богата со јаглехидрати има природно смирувачко дејство врз мозокот“, вели Сара Бриџленд, нутриционист при центарот за нутриционизам во источен Есекс „Хајер Нејчер“.

Оваа храна го покачува нивото на серотонинот во мозокот, што има за резултат убаво чувство. Само 50-тина грама јаглехидрати го зголемува производството на серотонин и ја намалува анксиозноста за само 20 минути.

Серотонинот е еден од групата хемиски материи, наречен невротрансмитер, кој мозок го користи за регулирање на расположението.

Храна богата со сложени јагленохидрати

  • Сложени јагленохидрати: брашно, леб, ориз, пченка, овес, јачмен, компир, зрнеста храна, овошје, и зеленчук.
  • Нерастворливи растителни влакна: сите пченични лебови и житарици, пченични трици, зелка, шеќерна репа/цвекло, моркови, бриселско зелје, репи, карфиол, пектин.
  • Растворливи растителни влакна: овесни трици, овес, зрнеста храна, јагоди, јаболко, оризови трици и јачмен.

Храна богата со едноставни (прости) јагленохидрати

  • Сахароза – бел шеќер, кафен шеќер, преработен шеќер, сиров шеќер (необработен).
  • Гликоза – декстроза, гликозен сируп.
  • Фруктоза – овошје, зеленчук и мед.
  • Високо фруктозен сируп – течни засладувачи што содржат 42-90 % фруктоза.
  • Мед – направен од гликоза, фруктоза и вода.
  • Алкохолни шеќери – сорбитол, манитол, ксибитол.
  • Лактоза – млеко и млечни производи.
  • Малтоза, декстроза - зрнеста храна и печена храна.
 

Прочитајте и: