| Лековитоста на овесот |
|
Овесот (avena sativa) е билка која се вбројува во фамилијата треви. Оваа житарица содржи високовредни материи, кои му се неопходни на организмот. Овесот содржи: јод, хлор, фосфор, магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, ниацин, биотин, бројни витамини...
Поради мноштвото корисни состојки, овесот е здрава намирница и треба да се вклучи во секојдневната исхрана, бидејќи го чува здравјето на организмот, ги зајакнува неговите природни одбрамбени механизми. Лековит дел на овесот: за лек се користи семето – зрното и сламата за време на жетва. Овесот е многу важен во диеталната исхрана на болните. Во себе содржи многу корисни витамини и минерали и други состојки. Се користи за лекување на слабокрвност, разни воспалителни процеси на органите за варење, а делува регенеративно и на целиот организам. Бањите припремени од овесна слама се многу корисни при болести на бубрезите, при бубрежни каменчиња, при гихт, кај реуматски заболувања, ишијас, и при заболувања на црниот дроб. Каша од овес: се ставаат 5 лажици овесни снегулки во пола литар зовриена вода. Се вари 2-5 минути, а потоа се трга од оган и се остава да стои се додека не ја впие целата вода и не набубри. Потоа може да се додадат, по желба, разни состојки – павлака, мед, овошје и слично. Кашата може да се приготви и со врело млеко или со супа, на ист начин како и што се припрема и со вода. Чај од овес за јакнење на организмот: еден килограм интергален (неизлупен) овес се вари во 3 литри вода. Потоа се процедува и течноста се пие засладена со мед. Купки: Купките се прават од цел овес и од овесна слама. Помагаат при укоченост, замор, болести на бубрезите, како и при кожни заболувања. Овесот во поново време го нарекуваат и алтернатива на Вијаграта, бидејќи делува како афродизијак, односно ја зголемува активноста на тестостеронот во организмот. Поради тоа, овесот им се препорачува и на лицата со зголемена простата. |