• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Овес - здрава житарица

Овесот (avena sativa) е билка која се вбројува во фамилијата треви. Оваа житарица содржи високовредни материи, кои му се неопходни на организмот. Овесот содржи: јод, хлор, фосфор, магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, ниацин, биотин, бројни витамини...

Ова, во превод на јазикот на секојдневниот живот значи: овесот треба да се користи во секојдневната исхрана, бидејќи го чува здравјето на организмот, ги зајакнува неговите природни одбрамбени механизми.

Овесот помага во јакнење на крвта, ги јакне забите и коските, ја поттикнува работата на мозокот, го поттикнува растот и развојот кај децата и ја зајакнува мускулната маса кај возрасните.

Овесот е лесно сварлива житарица, па затоа често им се препорачува на лицата со проблеми со варењето на храната, при желудечни заболувања и болести на цревата.

Исто така, овесот помага и при разни воспалителни процеси, како при воспаление на дишните патишта и друго.

Овесот посебно им се препорачува на исцрпените лица и на слабите и анемични деца. Тие треба да земаат овес секој ден, во фома на каша или овесни снегулки. Овесните снегулки може да се прелијат со топло млеко или супа и да се јадат во комбинација со другите намирници.

Препорака е да се овесот вари 2-5 минути, бидејќи во овој интервал не се губи ништо од неговата хранлива вредност, а станува лесно сварлив.

Овесот се покажал многу ефикасен и во регулирање на нивото на шеќерот во крвта. Затоа тој им се препорачува на лицата со шеќерна болест. Со редовно земање на овес во исхраната, односно со спроведување на т.н. „овесна кура“, која треба да е спроведува подолго време, доаѓа до намалување на нивото на шеќерот во крвта.

Напомена:

Никогаш не ја истурајте водата во која сте го вареле овесот. Во неа се наоѓаат многу корисни состојки кои се од животно значење за организмот.

 

Прочитајте и: