• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Пченката е „суперхрана“

Кога бараме храна богата со антиоксиданси, за која се верува дека штити од појава на рак и други заболувања, обично размислуваме за егзотично овошје и редок зеленчук. Но, докажано е дека и житариците, а особено пченката, се богати со антиоксиданси.

Научникот Dr. Rui Hai Liu од Универзитетот „Cornell“ открил дека житариците или брашното од цело зрно на житарици, како што се пченицата, кафениот ориз, овесот и пченката, имаат голема антиоксидативна активност, понекогаш дури поголема и од овошјето и зеленчукот. Од сите житарици, кои Dr.Liu и неговите колеги ги тестирале со помош на нова метода, пченката имала најголема антиоксидативна активност, која била оценета со бројката 181. По пченката, следеле: пченицата со цело зрно, која имала антиоксидативна активност 77, потоа овесот со актиоксидативна активност 76, кафениот ориз со актиоксидативна активност 56. За споредба, брокулата и спанаќот имале антиоксидативно дејство кое било проценето со 41 и 42.

Пченката е богата со: диететски влакна, кои го намалуваат холестеролот во крвта, со фолна киселина, која ги чува крвните садови, со витамин Б1, кој е важен за добрата работа на мозокот.

За разлика од зеленчукот, кој е поздрав сиров отколку варен, пченката е поздрава кога термички ќе се обработи. При термичката обработка на пченката, при варење или печење, од неа се ослободуваат молекули кои го штитат телото од штетните ефекти на слободните радикали, што ја прави пченката природен заштитник против низа дегенеративни заболувања како што се: рак, Алцхајмерова болест, болести на срцето и крвните садови и други.

Термичкаа обработка на пченката ја зголемува и активноста на антиоксидативните молекули и нивото на фитоматериите со кои пченката обилува, а на кои им се препишуваат антиканцерогени својства на пченката.

Од пченката се приготвува качамак, многу нутритивно вредна намирница, која не го оптеретува организмот со вишок калории. Имено, 60 грама варен акчамак (приближно една поција) содржи само 44 килокалории, 2 грама масти, при што преовладуваат сложените и прлостите незаситени мсти и 44 грама јагленохидрати. качамакот содрѓи бета каротин, провитамин А, витамин Б1, како и многу други витамини и минерали, вклучувајќи ги витаминот Б5, фолната киселина, нијацинот, витаминот Ц, фосфорот, калиумот и магнезиумот.

Поради богатството на хранливи и здрави состојки, производите од цело зрно на пченица се одличен избор за почеток на денот.

 

Прочитајте и: