• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми Печати
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Сите страници

Стадиум I на карцином на пенис

Стадиум I на карцином на пенис е излечив.

Стандардни тераписки модалитети

Локална ексцизија со циркумпцизија е терапија на избор кај лезиите што се ограничени на кожата.

Карциномите in situ на глансот на пенисот, со или без зафатеност на кожата, се лекуваат со две опции:

  • Локална апликација на флуороурацилна крема,
  • Микроскопски контролирана хирургија.

За инфилтративните тумори на глансот на пенисот, со или без зафатеност на околната кожа, екстензијата на инфилтрацијата и терапијата зависи од туморската големина, како и од степенот на туморската деструкција на нормалното ткиво.

Тераписки опции коишто даваат еднакви тераписки ефекти се:

  • Ампутација на пенисот (пенелектомија)
  • Радиотерапија (надворешна ирадијација, брахитерапија)
  • Микроскопски контролирана хирургија

Третмански опции под клиничка евалуација:

  • Ласерската терапија (YAG ласер) дава одлична контрола/излекување со презервација на козметичката и сексуалната функција. CO2 ласерот се користи за ефикасно лекување на туморите carcinoma in situ.
  • Поради високата инциденца од постоење на микроскопски лимфонодални метастази, особено кај лошо диференцираните тумори на пенисот, се препорачува елективна лимфонодална ингвинална дисекција и кај клинички незафатените (негативни) лимфни ингвинални јазли, која се изведува истовремено со ампутацијата на пенисот. Лимфаденектомијата е поврзана со висок степен на морбидитет, како што е некроза на кожата, дисекции на раната и нејзина инфекција, хроничен едем. Елективната ингвинална лимфонодална дисекција сè уште не покажала дека има влијание врз севкупното преживување. Поради таа причина, како и поради високиот ризик од компликации, треба селективно да се изведува кај пациенти коишто имаат висок ризик од микроскопски метастази.

Стадиум II на карцином на пенис

Стандардни тераписки модалитети

  • Стадиум II на карциномот на пенис се лекува со ампутација, со цел да се постигне локална контрола. Кој тип ампутација ќе се спроведе (дали парцијална, тотална или радикална) зависи како од проширеноста така и од локализацијата на примарниот тумор.
  • Радиотерапијата со спасувачка хирургија е алтернативен тераписки пристап.

Третмански опции под клиничка евалуација:

  • YAG ласер-терапијата се користи за зачувување на пенисот кај селектирани пациенти со мали лезии.
  • Поради високата инциденца од постоење на микроскопски лимфонодални метастази кај овие пациенти, особено кај лошо диференцираните тумори на пенисот, се препорачува елективна лимфонодална ингвинална дисекција и кај клинички незафатените (негативни) лимфни ингвинални јазли, која се изведува истовремено со ампутација на пенисот. Лимфаденектомијата е поврзана со висок степен на морбидитет, како што е некроза на кожата, дисекции на раната и нејзина инфекција, хроничен едем. Елективната ингвинална лимфонодална дисекција сè уште не покажала дека има влијание врз севкупното преживување. Поради таа причина, како и поради високиот ризик од компликации, треба селективно да се изведува кај пациенти коишто имаат висок ризик од микроскопски метастази. Улогата на профилактичната лимфаденектомија во преживувањето не е позната. Од тие причини, мислењата се различни за нејзино применување.

Стадиум III на карцином на пенис

  • Ингвиналната лимфаденопатија кај пациентите со карцином на пенис е честа, но може да биде резултат од придружна инфекција, наместо од метастатска зафатеност. Доколку постојат клинички палпабилни, зголемени лимфни јазли, кои траат три или повеќе недели по отстранувањето на примарниот тумор и по примање на антибиотска терапија, се препорачува билатерална ингвинална лимфонодална дисекција.
  • Во случаите кога постои докажана лимфонодална зафатеност со метастатски депозити, а без постоење на метастатска болест, тогаш се препорачува билатерална илијакално-ингвинална дисекција.
  • Бидејќи многу од пациентите со позитивни ингвинални лимфни јазли не се излечиви, оправдано е тие да се вклучат во тековните клинички трајлови, кои ја испитуваат ефикасноста на нови хемотераписки и биолошки агенси.

Стандардни тераписки модалитети

  • Клинички јасните ингвинални лимфонодални метастази, без присуство на евидентна метастатска болест, се лекуваат со ампутација на пенисот (отстранување на примарниот тумор), со истовремена билатерална илијакално-ингвинална лимфонодална дисекција.
  • Радиотерапијата може да се спроведе како алтернативна тераписка опција, кај пациентите што не се погодни за хируршка лимфонодална дисекција.
  • Постоперативната радиотерапија може да ја намали инциденцата на ингвиналната рекуренца.

Третмански опции под клиничка евалуација:

  • Клиничките студии што користат радиосензибилизатори или цитотоксични агенси се погодни за овие пациенти со стадиум III на карцином на пенисот. Студиите ја покажале ефикасноста на комбинираната хемотерапија со vincristine, bleomycine и methotrexate, применета и како неоадјувантна и како адјувантна терапија. Комбинирана хемотерапија со cisplatin (100mgr/m2) како неоадјувантна терапија со континуирана инфузија на 5-fluorouracil, исто така, се покажала ефикасна.
  • Монотерапијата со cisplatin (50mgr/m2) се покажала како неефикасна.
  • Поради високата инциденца од постоењето на микроскопски лимфонодални метастази кај овие пациенти, особено кај лошо диференцираните тумори на пенисот, се препорачува елективна лимфонодална ингвинална дисекција и кај клинички незафатените (негативни) лимфни ингвинални јазли, која се изведува истовремено со ампутацијата на пенисот. Лимфаденектомијата е поврзана со висок степен на морбидитет, како што е некроза на кожата, дисекции на раната и нејзина инфекција, хроничен едем. Елективната ингвинална лимфонодална дисекција сè уште не покажала дека има влијание врз севкупното преживување. Поради таа причина, како и поради високиот ризик од компликации, треба селективно да се изведува кај пациенти коишто имаат висок ризик од микроскопски метастази. Улогата на профилактичната лимфаденектомија во преживувањето не е позната. Од тие причини мислењата се различни за нејзино применување.

Стадиум IV на карцином на пенис

Не постои стандарден третман, кој е куративен за пациентите во стадиум IV на карциномот на пенис. Терапијата се спроведува како палијативна. Може да се спроведе палијативна хирургија или радиотерапија.

  • Палијативна хирургија се спроведува со цел да се контролира примарниот тумор на пенисот, како и за превенција на некрози, инфекции и крвавења, кои можат да се јават поради напредувањето на постојната лимфаденопатија.
  • Палијативната радиотерапија се спроведува на примарниот тумор, регионалната лимфаденопатија, како и при постоење на коскени метастази.

Третмански опции под клиничка евалуација:

  • Клиничките трајлови, кои користат примена на хемотерапија со палијативни методи за локална контрола на болеста, се погодни за овој стадиум на болеста.
  • Досегашните студии покажале ефикасност во примената на Vincristine, Cisplatin и Bleomycin. Комбинираното давање на Vincristin, Bleomycin и Methotrexate се покажало како ефикасна неоадјувантна и адјувантна терапија.

Рекурентен карцином на пенис

Локалната рекуренца може да се лекува со хируршки третман или со радиотерапија.

  • Пациентите кај кои се јавила локална рекуренца, по иницијалниот третман со радиотерапија, често се третираат со спасувачка ампутација на пенисот.
  • Пациентите со лимфонодална рекуренца, кои не можат да се контролираат со локален пристап, се погодни да се вклучат во постојните клинички студии.