• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми - Лист 3 Печати
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Сите страници

Стадиум III на карцином на пенис

  • Ингвиналната лимфаденопатија кај пациентите со карцином на пенис е честа, но може да биде резултат од придружна инфекција, наместо од метастатска зафатеност. Доколку постојат клинички палпабилни, зголемени лимфни јазли, кои траат три или повеќе недели по отстранувањето на примарниот тумор и по примање на антибиотска терапија, се препорачува билатерална ингвинална лимфонодална дисекција.
  • Во случаите кога постои докажана лимфонодална зафатеност со метастатски депозити, а без постоење на метастатска болест, тогаш се препорачува билатерална илијакално-ингвинална дисекција.
  • Бидејќи многу од пациентите со позитивни ингвинални лимфни јазли не се излечиви, оправдано е тие да се вклучат во тековните клинички трајлови, кои ја испитуваат ефикасноста на нови хемотераписки и биолошки агенси.

Стандардни тераписки модалитети

  • Клинички јасните ингвинални лимфонодални метастази, без присуство на евидентна метастатска болест, се лекуваат со ампутација на пенисот (отстранување на примарниот тумор), со истовремена билатерална илијакално-ингвинална лимфонодална дисекција.
  • Радиотерапијата може да се спроведе како алтернативна тераписка опција, кај пациентите што не се погодни за хируршка лимфонодална дисекција.
  • Постоперативната радиотерапија може да ја намали инциденцата на ингвиналната рекуренца.

Третмански опции под клиничка евалуација:

  • Клиничките студии што користат радиосензибилизатори или цитотоксични агенси се погодни за овие пациенти со стадиум III на карцином на пенисот. Студиите ја покажале ефикасноста на комбинираната хемотерапија со vincristine, bleomycine и methotrexate, применета и како неоадјувантна и како адјувантна терапија. Комбинирана хемотерапија со cisplatin (100mgr/m2) како неоадјувантна терапија со континуирана инфузија на 5-fluorouracil, исто така, се покажала ефикасна.
  • Монотерапијата со cisplatin (50mgr/m2) се покажала како неефикасна.
  • Поради високата инциденца од постоењето на микроскопски лимфонодални метастази кај овие пациенти, особено кај лошо диференцираните тумори на пенисот, се препорачува елективна лимфонодална ингвинална дисекција и кај клинички незафатените (негативни) лимфни ингвинални јазли, која се изведува истовремено со ампутацијата на пенисот. Лимфаденектомијата е поврзана со висок степен на морбидитет, како што е некроза на кожата, дисекции на раната и нејзина инфекција, хроничен едем. Елективната ингвинална лимфонодална дисекција сè уште не покажала дека има влијание врз севкупното преживување. Поради таа причина, како и поради високиот ризик од компликации, треба селективно да се изведува кај пациенти коишто имаат висок ризик од микроскопски метастази. Улогата на профилактичната лимфаденектомија во преживувањето не е позната. Од тие причини мислењата се различни за нејзино применување.