• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми - Лист 2 Печати
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Сите страници

Стадиум II на карцином на пенис

Стандардни тераписки модалитети

  • Стадиум II на карциномот на пенис се лекува со ампутација, со цел да се постигне локална контрола. Кој тип ампутација ќе се спроведе (дали парцијална, тотална или радикална) зависи како од проширеноста така и од локализацијата на примарниот тумор.
  • Радиотерапијата со спасувачка хирургија е алтернативен тераписки пристап.

Третмански опции под клиничка евалуација:

  • YAG ласер-терапијата се користи за зачувување на пенисот кај селектирани пациенти со мали лезии.
  • Поради високата инциденца од постоење на микроскопски лимфонодални метастази кај овие пациенти, особено кај лошо диференцираните тумори на пенисот, се препорачува елективна лимфонодална ингвинална дисекција и кај клинички незафатените (негативни) лимфни ингвинални јазли, која се изведува истовремено со ампутација на пенисот. Лимфаденектомијата е поврзана со висок степен на морбидитет, како што е некроза на кожата, дисекции на раната и нејзина инфекција, хроничен едем. Елективната ингвинална лимфонодална дисекција сè уште не покажала дека има влијание врз севкупното преживување. Поради таа причина, како и поради високиот ризик од компликации, треба селективно да се изведува кај пациенти коишто имаат висок ризик од микроскопски метастази. Улогата на профилактичната лимфаденектомија во преживувањето не е позната. Од тие причини, мислењата се различни за нејзино применување.