• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми Печати
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Сите страници

Стадиум I на карцином на пенис

Стадиум I на карцином на пенис е излечив.

Стандардни тераписки модалитети

Локална ексцизија со циркумпцизија е терапија на избор кај лезиите што се ограничени на кожата.

Карциномите in situ на глансот на пенисот, со или без зафатеност на кожата, се лекуваат со две опции:

  • Локална апликација на флуороурацилна крема,
  • Микроскопски контролирана хирургија.

За инфилтративните тумори на глансот на пенисот, со или без зафатеност на околната кожа, екстензијата на инфилтрацијата и терапијата зависи од туморската големина, како и од степенот на туморската деструкција на нормалното ткиво.

Тераписки опции коишто даваат еднакви тераписки ефекти се:

  • Ампутација на пенисот (пенелектомија)
  • Радиотерапија (надворешна ирадијација, брахитерапија)
  • Микроскопски контролирана хирургија

Третмански опции под клиничка евалуација:

  • Ласерската терапија (YAG ласер) дава одлична контрола/излекување со презервација на козметичката и сексуалната функција. CO2 ласерот се користи за ефикасно лекување на туморите carcinoma in situ.
  • Поради високата инциденца од постоење на микроскопски лимфонодални метастази, особено кај лошо диференцираните тумори на пенисот, се препорачува елективна лимфонодална ингвинална дисекција и кај клинички незафатените (негативни) лимфни ингвинални јазли, која се изведува истовремено со ампутацијата на пенисот. Лимфаденектомијата е поврзана со висок степен на морбидитет, како што е некроза на кожата, дисекции на раната и нејзина инфекција, хроничен едем. Елективната ингвинална лимфонодална дисекција сè уште не покажала дека има влијание врз севкупното преживување. Поради таа причина, како и поради високиот ризик од компликации, треба селективно да се изведува кај пациенти коишто имаат висок ризик од микроскопски метастази.