• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Целер - здрава храна и природен лек

Целерот е двогодишна билка со меснат и вретенест корен. Стеблото му е разгрането, а достига висина од 40 до 80 cm. Листовите се темнозелени и сјајни.

Целерот расте како дива и култивирана билка, која се гаи во градините. Како див, целерот расте на влажни подрачја скоро во цела Европа, а се наоѓа и на другите континенти. Се смета дека дивиот целер е отровен, па затоа не се употребува како лековита билка. Питомиот целер е многу здрава и лековита билка. Лековити делови на питомиот целерот се: лисовите и коренот.

Денес се знае дека целерот ја поттикнува размената на материите во организмот. Богат е со етерични масла, со витамини и минерали. Коренот на целерот содржи етерично масло, шеќер, аспин, аспарагин, тирозин, колин, алосорубусен, пентосан и масти.

Слаткастиот дебел корен на целерот најчесто се корист за правење на салати, за варива или како зачин за супи и чорби. Листовите имаат јак ароматичен мирис, и тие, исто така, се користат како зачин. Целерот го задржува својот специфичен мирис и после сушењето.

Кај целерот, иста хранлива вредност имаат и коренот и листот, така што се употребуваат и двата дела на билата.

Енергетската вредност на 100 грама целер (корен со лисја) е мала - износи 14 кцал / 59 кЈ. Од тоа се: 0,69 % протеини 2,97 % јагленохидрати и 0,17 % масти. Целерот е извонреден извор на витамин К (29,3 μг, што чини 29 % од препорачаниот дневен внес), растителни влакна, витамини и минерали.

Од витамините, целерот содржи најмногу витамин Ц, потоа сите витамини од групата Б, каротин и витамините К и Е.

Хранливата вредност на целерот е во богатството на минералните состојки: 100 грама целер содржи: натриум (98 милиграми), калциум (55 милиграми), магнезиум (25 милиграми), калиум (291 милиграми) и фосфор (40 милиграми).

Лековито дејство

Поради многуте хранливи и здрави материи кои ги содржи целерот, оваа билка се смета за многу здрава и лековита. Корен на целерот и семето се користат за лечење на благи форми на анксиозност и вознемиреност, замор, кашлица, губиток на апетитот. често се користи при потежкотии при варењето на храната, при заболувања на желудникот и цревата. Целеерот е корисен е и за дијабетичарите.

Целерот има благо диуретично дејстсво, слично како и магдоносот.Поради диуретичното дејство, целерот може да се употребува против: реума, гихт, артрит, песок и камен во бубрезите и во мочниот меур, при воспаленија на мочните патишта, при целулит и преголема телесна тежина, при астма, воспаление на белите дробови, при болести на нервите. Против овие болести целерот делува превентивно, па треба почесто да се консумира.

Поради тоа што ја поттикнува работата на бубрезите и го исфрла вишокот на течноста од организмот, целерот е добар и за лицата со отоци, кои се предизвикани од кардиоваскуларни заболувања.

Целерот ги отстранува отровите од телото, помага во регулација на високиот крвен притисок, делува поволно при заболувања на црниот дроб и жолчка и помага во регулирањето на шеќерот во крвта, поради што им се препорачува на дијабетичарите.

Целерот ги чисти забите од наталожени бактерии

Целерот е природен чистач на организмот и се користи за детоксикација на телото.

Тој ја подобрува крвта и циркулацијата во телото.

Чај од целер против реума

Во еден литар вода се варат 40 грама лисја од целер, неколку минути. Садот се поклопува се додека не се олади. Чајот се процедува и се пие млак, неколку пати дневно, во траење од неколку недели.

Со целер против бубрежните заболувања

При бубрежни тегоби треба да се пие сок од свежи листови на целер, кој може да се заслади со мед.

 

Прочитајте и: