• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Зелената боја значи виталност - ЈАДЕТЕ ЗЕЛЕНО!

Колку пати сте помислиле дека не можете да живеете без месо, но секогаш кога ќе се почуствувате подуени и кога ви е тешко во стомакот, идеата за вегетаријанството ви се чини привлечна. Можеби не сте знаеле, но дури и повременото вегетаријанство е корисно за целиот организам. Ако го следите барем 3 месеци таквиот начин на исхрана, предностите кои тој ви ги дава ќе бидат долготрајни.

Благотворно дејство врз целиот организам

Ако сте се одлучиле да привремено се одвикнете од животинските белковини, прочитајте кои предности ви ги донесува таа одлука.

Нивото на холестеролот во крвта се намалува, а со тоа се намалува и ризикот од кардиоваскуларни болести. Причината е едноставна – во организмот се внесува храна која содржи многу малку штетни масти, а голема количина на растителни влакна, кои јаоневозможуваат апсорпцијата на мастите од цревата.

Се регулира крвниот притисок, бидејќи без месо и сувомеснати производи, во организмот внесувате помалку сол.

Чувството на глад се намалува, бидејќи житариците, мешункастиот зеленчук, компирот и другиот зеленчук и овошје, му даваат на организмот шеќер кој полека се апсорбира, па чувството на ситост трае подолго.

Кожата станува посјајна и покомпактна поради поголемите резерви на вода, витамини и минерали, кои организмот ги добива од овошјето и зеленчукот и интергарслите житарици.

Важни правила на исхраната

  • Млеко и сирење: Ако од исхраната го исфрлите месото,сувомеснатите производи и рибата, постои опасност од недостиг на важни хранливи материи. Затоа е многу важно да се пие млеко, да се јадат јајца и сирење. Во секој оброк треба да е вклучат и интегралните житарици.
  • Белковини: Исхраната не смее да биде без белковини. Затоа комбинирајте го зеленчукот, а намессто месо јадете тофу (сирење од соја), соини шницли, тептех и сеитан.
  • Витамин Б12: Пијте сок од свеж портокал или киви.

Изберете ги овошјето, зеленчукот и интегралните житарици наместо месото!

 

Прочитајте и: