• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Со Др. Ацева говориме за крипторхизмот Печати

На прашањето што е крипторхизам, др. Ацева ни даде детално објаснување за оваа релативно честа состојба во која тестисот не е спуштен во скроталната кеса, ниту пак е можно тој да се спушти со надворешна манипулација.

Во 10-20% од случаите се наoѓа обострано, а во 90% случаи истовремено е присутна и индиректна препонска кила, изјави Др. Ацева. Бидејќи тестисите можат да се спуштат и по раѓањето, често за крипторхизам се говори доколку тој е присутен и после една година од раѓањeто.Ова е начесто вродено пореметување на машкиот репродуктивен систем. Називот крипторхизам произлегува од двата грчки збора: crypto-скриен и orchis-тестис, шт во буквален превод значи скриен тестис.

Скриениот тестис или крипторхизмот е најчеста вродена аномалија при раѓањето и се јавува кај 3% од доносените деца. Почесто се јавува кај предвреме родените деца (недоношчиња), со помала телесна тежина при раѓањето, и кај близнаци. Околу 70% од неспуштените тестиси ќе се спуштат во скроталната кеса до третиот месец од животот. Кога детето ќе на прави година дена, честотата на крипторхизмот изнесува околу 1% и крипторхизмот останува во текот на животот.

Во текот на утериниот развој на плодот, тестисите се наоѓаат сместени во стомачната шуплина и дури при крајот на бременоста, под дејство на хормони, полека се спуштаат во скроталната кеса. Доколку постои било која препрека на патот на спуштањето на тестисот, или пак делувањето на хормоните не е доволно, доаѓа до појава на крипторхизам.

Според местото на тестисот, тој може да биде сместен во стомачната шуплина, во препонскиот (ингвинален) канал, надвор од препонскиот канал, или пак на било кое место надвор од надворешниот прстен на препонскиот канал (ектопичен тестис). Постои и мигрирачки тестис, кој поради активниот рефлекс на кремастеричниот мускул, многу лесно ја напушта скроталната кеса, но исто така лесно може и да се врати во неа.

За да се сочува нормалната функција на тестисот во стварањето на сперматозоидите, неопходно е тие да се сместени во скроталната кеса. Таа ги држи на пониска температура од телесната и е за 2-3 степени пониска од онаа во стомачната шуплина, каде тестисот се наоѓал за време на феталниот развој на плодот. Доколку тестисот не се спушти во скроталната кеса, доаѓа до смалување на тестисот и губиток на неговата репродуктивна и хормонска функција.

„Кај неспуштените тестиси може да дојде до развој на малиген тумор, што се одбјаснува делумно и со тоа што тој подолго време бил изложен на повисока температура од онаа која за него е оптимална. Лицата со неспуштен тестис имаат значително поголем ризик за развој на рак на тестис“, изјави Др. Ацева.

„Лекувањето се препорачува да биде што порано, а најкасно до втората година од животот на детето. Доколку тестисот е ниско поставен, близу до скроталната кеса, може да се почне со давање на хормонална терапија. Оваа терапија е успешна во помалку од 20% од случаите“, изјави Др. Ацева

Операцијата е најдобра терпија и се состои во тоа што тестисот се ослободува од сите прираслини, така да тој лесно се спушта во скроталната кеса, каде се фиксира. Операцијата се изведува во општа анестезија и децата добро ја поднесуваат