• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми - Лист 4 PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 08:22
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен тумор
Сите страници

Стадиум IV

(T4, N0, M0; T4, N1, M0; Кое било T, N2, M0; Кое било T, кое било N, M1)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Интерлеукин-2
  2. Интерферон-алфа
    • Администрацијата на интерлеукин-2 изгледа дека има слична вкупна стапка на одговор со интерферон-алфа (само 5% од адекватно селектираните пациенти имаат подолготрајна комплетна ремисија). Комбинацијата на интерлеукин-2 и интерферон-алфа е проучувана, но не се покажала подобра од само високодозиран интерлеукин-2. Оптималната доза на интерлеукин-2 е непозната.Високодозна терапија изгледа дека е асоцирана со повисока стапка на одговор, но со повеќе токсични ефекти. Поради генерално слабите резултати со медикаментозен третман, пациентите со метастатски ренален аденокарцином треба да се земат во обѕир за клинички студии, особено фаза I и фаза II, кои ги евалуираат новите хемотерапевтски агенси како што се: интерферон или интерлеукин-2, како и стратегиите на кој начин да се модулира мултимедикаментозно резистентниот фенотип, кој е високо изразен кај аденокарциномите на бубрегот.
  3. Екстерна радиотерапија (како палијативна метода)
  4. Палијативна нефректомија
  5. Радикална нефректомија (за туморите Т4)
  6. Хируршка ексцизија на метастатската болест со радикална нефректомија. Се применува кај селектирани случаи со тумори со стадиум М1 (солитарни пулмонални, коскени и мозочни метастази).