• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зошто е корисен витаминот Б12? Печати

Еден од витамините, кој е многу важен за одржување на телесната равнотежа и општото здравје, а кој често е занемарен, е витаминот Б12. Овој витамин е неопходен за нормално функционирање на средишниот нервен систем.

Неодамнешната студија, објавена во престижниот американски часопис „Neurology“, ги проучувала последиците од дефицитот на витаминот Б12 преку визуелизациски дијагнистички методи. Користејќи се, покрај другото, и со магнетна резонанца (МР), научниците го мереле волуменот на мозокот на испитаниците кои имале недостаток на витамин Б12 и го споредувале со волуменот на мозокот на оние испитаници кои имале доволен внес на Б12. Разликата била значајна: групата на испитаници кои имале најголем недостаток на витамин Б12 имала скоро двојно помал волумен на мозок во однос на групата испитаници со највисоки вредности на Б12.

Освен на нервниот систем, витаминот Б12 има благотворно, но и есенцијално дејство и на целиот организам. Учествува во синтезатана ДНК, во производството на нормални крвни зрнца, во метаболизмот на масните киселини и во намалувањето на нивото на хомецистеинот во крвта.

Ако е присутен хомецистеинот во поголеми количини, тој ги поттикнува воспалителните процеси во организмот, не штитејќи го при тоа ни кардиоваскуларниот систем. Со оглед на тоа што витаминот Б12 успешно го зауздува овој кардиоризичен метаболит, би можело да се рече дека со внесување на доволни количини на витамин Б12, покрај нервниот систем, ги чуваме и срцето и крвните садови.

Намирници богати со витамин Б12 се: црвено месо, црн дроб, морска риба, морски плодови, млеко и млечни производи.

За постигнување на благотворно дејство, доволно е да се внесе 500 микрограми од овој витамин.