• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Во Србија започна тестирање на вакцината „lucanix“ против ракот на белите дробови Печати

Србија е прва земја во Европа во која започна тестирањето на вакцината „lucanix“ против ракот на белите дробови.

Вакцината се прима после залечувањето на болеста, но не во превентивни цели.

Во Клиничкиот болнички центар „Бежаниска коса“ во мометов се испитува дејството на експерименталната вакцина.на 4 пациенти со рак на бели дробови.

Вакцината не се дава во превентивни цели, туку се прима по залечувањето на болеста, а целта и е да ја одржи таквата состојба што подолго.

„Само пациенти кои боледуваат од неситноклеточен рак на белите дробови и пациенти кои се веќе лекувани со некој вид на хемотерапија, но само со прва линија на хемотерапија, можат да ја примат оваа вакцина“ рекол д-р. Владимир Кочин од Клиничкиот болнички центар „Бежаниска коса“.

Др. Владимир Кочин додал дека услов за да се примени новата експериментална вакцина е и тоа да првата линија на хемотерапијата дала одговор, односно да дошло барем до стабилизација на болеста, или до делумно или потполно повлекување на болеста.

Лекарите ќе ги споредуваат резултатите на двете групи на пациенти, едната која прима вакцина против рак на бели дробови, и другата која прима плацебо (лажен лек, кој нема ефект). Вакцината не може да се примени кај сите пациенти заболени од рак на бели дробови.

„За жал, пациентите кои имаат прогресија на болеста, по првата линија на хемотерапијата, не можат да бидат вклучени во програмот на тестирањето на вакцината“, истакнал Др. Кочин.