• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Дали ви треба витаминска „бомба“? Пијте сок од портокал

Агрумите (лимон, порокал, мандарина), освен што содржат витамин Ц, чии оксидативни својства се добро познати, претставуваат и вистински фитохемиски лаборатории. Студиите покажале дека портокалите се посебно ефикасни во превенцијата на туморите на хранопроводникот и на желудникот. Истражувачите, исто така, докажеле дека полифенолите и терпените го запираат растот на туморските клеки.

Ова овошје, сепак е најкорисно во превенција на болестите, бидејќи го поттпомага процесот на детоксикација на организмот. Портокалите содржат и полиамини, кои учествуваат во регулацијата на делбата на клетките. Затоа салатата зачинета со сок од портокал е одлично природно превентивно средство. Црвените портокали се уште поздрави. Тие содржат мноштво антоцијанини, природни пигменти кои имаат јаки антиоксидативни својства.

 

Прочитајте и: