• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Американските научници докажале дека пуканките се здрави, а не „junk food“ како порано се мислело!!

Најновите истражувања покажуваат дека пуканките не се „junk food“, како што порано се мислело.

Американските научници спровеле истражување, прво од овој вид, кое докажало дека пуканките, како и интегралните житарици се богат извор на полифеноли. Полифенолите се јаки антиоксиданси кои ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот, кои може да предизвикаат развој на тумор. Тие ги блокираат гените кои предизвикуваат рак и го успоруваат растот на ткивото на ракот.

Полифенолите ги чуваат и крвните садови од атероскледроза, и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви и васкуларни заболувања.

Полифенолите се наоѓаат во многу видови на овошје и зеленчукот, а новата студија докажала дека и пуканките се права ризница на полифеноли.

Dr.Vinson од Универзитетот од Пенсилванија, кој го водел ова истражување, вели дека неговиот тим на научници навистина бил изненаден од тоа колкава количина на полифеноли содржат пуканките. Според резултатите од нивното истражување, пуканките се здрава храна, која му помага на организмот да го сочува своето здравје.

 

Прочитајте и: