• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми - Лист 6 PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 08:08
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Сите страници

Рекурентен карцином на мочниот меур

Се применува хемотерапија.

Третманот на рекурентниот карцином зависи од претходно спроведената терапија, од местото на рекуренцата и од индивидуалната состојба на пациентот.

  • Кај пациенти со рекурентен карцином на преодниот епител на мочниот меур, комбинираната хемотерапија дала високи стапки на одговор со повремени комплетни одговори.
  • Протоколот M-VAC (methotrexate, vinblastine, doxorubicin и cisplatin), спореден со монотерапијата со cisplantin, кај локално напреднатиот карцином, покажал значителна предност како во стапките на одговор, така и во средното преживување.
  • Други хемотераписки агенси, кои покажале ефикасност кај метастатскиот карцином на мочниот меур, се: paclitaxel, ifosfamide, gallium nitrate и gemcitabine.
  • Ifosfamide и gallium покажале ограничена активност кај пациентите што претходно биле лекувани со cisplantin.
  • Постојат повеќе тековни клинички студии за испитување на ефикасноста на овие лекови. Досегашните резултати покажуваат нивна ефикасност.