• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми - Лист 5 PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 08:08
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Сите страници

Стадиум IV

(T4b, N0, M0 или кое било T, N1-N3, M0, или кое било T, кое било N, M1)

Стандардни тераписки модалитети за T4b, N0, M0 или кое било T, N1-N3, M0:

  1. Радикална цистектомија, со или без пелвична лимфаденектомија, е стандарден тераписки модалитет.
    Само мал број пациенти со стадиум IV на карцином можат да бидат излекувани. Шансите за излекување се помали кај оние пациенти кај кои постои зафаќање на околните органи во пределот на малата карлица, со директното локално ширење на туморот или со присуство на метастази во регионалните лимфни јазли.
    Овие пациенти се лекуваат со радикална цистектомија со или без предоперативна радиотерапија.
  2. Екстерна ирадијација како палијативен третман.
  3. Палијативна цистектомија.
  4. Хемотерапија како дополнување на локалниот третман. Најчесто се користи полицитостатска терапија со доминантна примена на M-VAC протоколот.
    • Комбинираниот хемотераписки протокол, кој ги вклучува metotrexate, cisplatin vinblastine со или без doxorubicin, покажал во некои случаи комплетен патолошки одговор.
    • Metotrexate, vinblastine, doxorubicin и cisplatin (M-VAC), спореден со cisplatin, cyclophosphamide и doxorubicin, покажал подобар одговор и подобро средно преживување од претходниот протокол.
    • M-VAC протоколот спореден со монотерапијата со cisplantin кај напреднатиот карцином на преодниот епител на мочниот меур покажал значително подобра стапка на одговор и на средното преживување.
    • Протоколот со paclitaxel и carboplatin е ефикасен и добро се поднесува. Покажан е парцијален одговор во 50% од студиите во фаза II.
    • Комбинацијата од gemcitabine/cisplatil (GC) со M-VAC дава слични стапки на одговор, време до прогресија на болеста и севкупно преживување, споредено со M-VAC, но протоколот GC подобро се толерира од протоколот M-VAC. Затоа, GC протоколот е разумна алтернатива за оние пациенти што не можат да го поднесат протоколот M-VAC.
    • Студиите што се во тек ги евалуираат новите хемотераписки комбинации.

Стандардни тераписки модалитети за кое било Т, кое било Н, М1:

  1. Хемотерапија како самостоен тераписки модалитет или како дополнување на локалниот третман.
  2. Екстерна ирадијација како палијативен третман.
  3. Палијативна цистектомија.