• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми - Лист 4 PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 08:08
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Сите страници

Стадиум III

(T3a, N0, M0 или T3b, N0, M0, или T4a, N0, M0)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Радикална цистектомија, со или без пелвична лимфаденектомија, е стандарден тераписки модалитет.
  2. Радикална екстерна ирадијација (кај пациенти што не се кандидати за оперативен третман и кај некои одбрани случаи).
    Показатели за добар одговор на радиотерапијата кај овие пациенти се:
    • Помлади пациенти
    • Т2-Т3 тумори на мочниот меур
    • Претходна комплетна макроскопска ресекција на туморот
    • Високоградусен тумор
    Конвенционална екстерна радиотерапија се остварува со високи енергетски фотони (15-20 MV) од линеарен акцелератор преку четири зрачни полиња (АP, PА и две латерални зрачни полиња - т.н. box техника на зрачење) со вкупна доза од 50-55 Gy во 20 фракции, или 64-66 Gy во 32-33 фракции.
    Кај тие пациенти, по реализираната максимална трансуретрална ресекција, се продолжува со радикална радиотерапија до тотална туморска доза од 60-66 Gy, со истовремена примена и на конкурентна хемотерапија.
  3. Екстерна ирадијација со интерстицијална имплантација на радиоактивни изотопи пред или по екстерната ирадијација.
  4. Сегментна цистектомија (во строго селектирани случаи).
  5. Конкомитантна хеморадиотерапија.
    Системската хемотерапија заедно со радикалната радиотерапија покажала поголема ефикасност во пристапот за зачувување на мочниот меур, кај пациентите со локално напредната болест.
    Хеморадиотерапијата (администрирање на cisplantin конкурентно со радикалната радиотерапија), во споредба со радикалната радиотерапија како самостојна метода, покажала подобра стапка на локална контрола на болеста, иако не покажала подобрување на стапката на појава на далечни метастази или во севкупното преживување.
  6. Неоадјувантна хемотерапија. Постојат силни докази за улогата на неоадјувантната хемотерапија кај пациентите со Т2-Т4 тумори на преодниот епител на мочниот меур.
    • Неоадјувантната хемотерапија треба да се понуди кај соодветни пациенти со Т2-Т4 тумори на преодниот епител на мочниот меур пред дефинитивната радикална терапија. Се применуваат два до три циклуса на протоколи базирани врз cisplantin. Потоа следува радикалната терапија. Се користи комбинирана хемотерапија со протоколи базирани врз cisplantin.
      Хемотераписки протоколи:
      • Gemcitabine + cisplatin (GC)
      • Cisplatin + methotrexate + vinblastine (CMV)
      • Methotrexate + vinblastine + doxorubicin + cisplatin (MVAC)
    Не постои доказ што ќе ја одреди најдобрата комбинирана хемотерапија базирана врз cisplantin, кога таа се дава како неоадјувантна. Потребна е клиничка проценка на ризикот и користа од препишаната хемотерапија. Изборот на хемотерапијата треба да се базира врз искуството и експертизата. Треба да се информира пациентот за целите, користа и токсичноста од терапијата, пред нејзиното започнување.