• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми - Лист 3 PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 08:08
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Сите страници

Стадиум II

(T2a, N0, M0 или T2b, N0, M0)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Радикална цистектомија со или без пелвична лимфаденектомија е стандарден тераписки модалитет.
  2. Неоадјувантна хемотерапија следена со радикална цистектомија
    • Се администрираат три циклуса на неоадјувантна хемотерапија со cisplantin, methotrexate, vinblastine и doxorubicin пред цистектомијата или се изведува само цистектомија.
    • Со давањето неоадјувантна терапија не се поврзуваат ниту смртни случаи, ниту постоперативни компликации. За време на цистектомијата, комплетен патолошки одговор покажале 38% од пациентите што примале неоадјувантна хемотерапија, а 85% од нив биле живи во 5-годишното следење.
    • Пациентите што примале три циклуси на неоадјувантна хемотерапија со cisplatin, vinblastine и methotrexate пред цистектомијата или радиотерапијата немале статистички значајно подобрување во тригодишното преживување, во споредба со пациентите што не примале неоадјувантна хемотерапија.
    • Една метаанализа на десет рандомизирани студии за неоадјувантната хемотерапија покажала дека со хемотераписки протоколи базирани врз cisplantin се постигнува 13% релативно намалување на ризикот од смрт и подобрување на петгодишното преживување од 45% до 50%.
    • Неоадјувантната монохемотерапија со cisplantin не покажала предност во преживувањето.
    • Неоадјувантната комбинирана хемотерапија, базирана врз платина, се препорачува кај пациенти со мускулно инвазивен тумор на мочниот меур.
  3. Системска хемотерапија се применува заедно со дефинитивната радиотерапија, со цел да се постигне што поефикасно зачувување на мочниот меур.
    • Се применува кај пациенти со локално напредната болест.
    • Споредувањето на радиотерапијата како самостојна терапија со хеморадиотерапијата покажало дека се постигнува подобра локална контрола, со давање cisplantin заедно со радиотерапијата, иако нема докази за подобрување на стапката на појавување на далечни метастази или врз севкупното преживување.
    • Примената на терапијата за зачувување на мочниот меур (иницијална максимална трансуретрална ресекција, следена со конкурентна хеморадиотерапија) покажала преживување на пациентите од 5 години и 75% од преживеаните имале интактен мочен меур.
    • Бидејќи ниту една рандомизирана студија директно не ја споредувала терапијата за зачувување на мочниот меур со радикалната цистектомија, не е многу јасно дали оваа терапија е подеднакво ефикасна со радикалната цистектомија. Изборот на третманот треба да биде воден од општата состојба на пациентот, земајќи ги притоа предвид и несаканите ефекти од терапијата.
  4. Радикална екстерна ирадијација (се применува кај пациенти што не се кандидати за оперативен третман и кај некои одбрани случаи). Показатели за добар одговор на радиотерапијата кај овие пациенти се:
    • Помлади пациенти
    • Т2-Т3 тумори на мочниот меур
    • Претходна комплетна макроскопска ресекција на туморот
    • Високоградусен тумор
    Конвенционална екстерна радиотерапија се остварува со високи енергетски фотони (15-20 MV) од линеарен акцелератор преку четири зрачни полиња (АP, PА и две латерални зрачни полиња – т.н. box техника на зрачење) со вкупна доза од 50-55 Gy во 20 фракции, или 64-66 Gy во 32-33 фракции.
    Кај тие пациенти, по реализираната максимална трансуретрална ресекција, се продолжува со радикална радиотерапија до тотална туморска доза од 60-66 Gy, со истовремена примена и на конкурентна хемотерапијa.
  5. Интерстицијална радиотерапија со примена на радиоактивни изотопи пред или по екстерната ирадијација.
  6. ТУР со горење (кај селектирани пациенти).
  7. Сегментна цистектомија (кај селектирани пациенти).