• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми - Лист 2 PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 08:08
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Сите страници

Стадиум I

(T1, N0, M0)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. ТУР (трансуретрална ресекција) со горење е најчеста форма на третман, но внимателното следење на пациентите е многу важно, поради можноста од туморска прогресија.
    • Се препорачува и втора трансуретрална ресекција во тек на две до шест седмици по првата.
  2. ТУР следена со интравезикална инсталација на BCG е терапија по избор. BCG се администрира интравезикално во доза од 120 mg во 50 mL физиолошки раствор, еднаш седмично во тек на 6 седмици.
  3. ТУР следена со интравезикална хемотерапија (најчесто користени агенси се: thiotepa, mitomicin C, doxorubicin). Интравезикална терапија со thiotepa, mitomycin C, doxorubicin или со BCG. Често се применува кај пациенти со рекурентни суперфицијални тумори (ннд-A), со мултипли тумори, или како профилактична мерка кај високоризичните пациенти по реализираната трансуретрална ресекција.
    • Не е забележана разлика во туморската прогресија или севкупното преживување меѓу применетата интравезикална терапија со mitomycin C и онаа со BCG во период од 5-годишно следење.
    • Наизменичното аплицирање на mitomycin C со BCG во споредба со аплицирање само на BCG покажало еднаква ефикасност, но несаканите ефекти од комбинираниот третман биле помали.
    • Секвенцијалната терапија со mitomycin C и BCG во споредба со онаа само со mitomycin C не покажала значителни разлики во однос на ефикасноста и токсичните ефекти.
  4. Сегментна цистектомија (ретко индицирана, само кај високо селектирани случаи). Таа се применува кај мал број пациенти, поради тенденцијата на карциномот за мултипни лезии на слузницата на мочниот меур и појавата и во делови што не можат да бидат сегментално ресецирани.
  5. Радикална цистектомија кај селектирани пациенти со присуство на екстензивен тумор или рецедивирачки суперфицијален тумор.
  6. Интерстицијална радиотерапија со примена на радиоактивни изотопи во ком-бинација со или без екстерна ирадијација.