• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 08:08
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Сите страници

Стадиум 0

(Tis или Ta, N0, M0)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. ТУР (трансуретрална ресекција) со горење е најчеста форма на третман, но внимателното следење на пациентите е многу важно, поради можноста од туморска прогресија.
  2. Се препорачува и втора трансуретрална ресекција, во тек на две до шест седмици по првата.
  3. ТУР следена со интравезикална инсталација на BCG
    • Кај Tis туморите постои ризик од прогресија во инвазивна болест.
    • Не постои доказ што ќе го дефинира најдобриот третман за TIS.
    • BCG е терапија на избор кај Tis. BCG се администрира интравезикално во доза од 120 mg во 50 mL физиолошки раствор.
    Не постои доказ што ќе го одреди најдобриот режим за интравезикалната апликација на BCG. Сегашната практика е:
    • Индукција: седмично аплицирање во тек на 6 седмици.
    • Одржувачка терапија: неделно давање на BCG, во тек на три седмици на секои дванаесет седмици.
    • Понатамошна одржувачка терапија кај пацинетите што дале комплетен одговор: неделно аплицирање во тек на 3 седмици на секои шест месеци.
    • Постојат докази кои покажува дека одржувачката терапија со BCG е посупериорна од индукционата терапија со BCG. Одржувачката терапија со BCG треба да се земе предвид за пациентите со Tis, за подобрување на локалната контрола и намалување на инциденцата на прогресијата.
  4. Постојат неколку докази што покажуваат дека широко распространетиот Tis не дава одговор на радиотерапија. Пациентите со голем волумен на тумор, симптоматски Tis или неинвазивна болест може да не дадат добар одговор на радиотерапијата.
  5. Перзистирањето на Tis е индикација за цистектомија, но и терапијата со втор курс на BCG треба да се земе предвид.
  6. ТУР следена со интравезикална хемотерапија (најчесто користени агенси се: thiotepa, mitomicin C, doxorubicin).
    • Интравезикална терапија со thiotepa, mitomicin C, doxorubicin или со BCG често се применува кај пациенти со:
    • мултипли тумори,
    • рекурентни тумори, или како профилактична мерка кај високоризичните пациенти по реализираната трансуретрална ресекција.
    • Не е забележана разлика во туморската прогресија или севкупното преживување меѓу применетата интравезикална терапија со mitomycin C и онаа со BCG во период од 5-годишно следење.
    • За да се намали ризикот од рекурентна болест кај сите пациенти со висок ризик од рекуренца, треба да се користи единична апликација на интравезикална хемотерапија (mitomycin C), следена со ресекција (ннд-А).
    • Интравезикалната апликација на BCG е исто толку ефикасна како и онаа со mitomycin C, но има поголема токсичност.
    • Постојат докази дека суперфицијалниот карцином на мочниот меур дава одговор и на терапијата со други хемотерапевтски агенси, како што е epirubicin, кој може да биде исто толку ефикасен колку и mitomycin C.
  7. Сегментна цистектомија (ретко индицирана, само кај високо селектирани случаи). Таа се применува кај мал број пациенти, поради тенденцијата на карциномот за мултипни лезии на слузницата на мочниот меур и појавата во делови што не можат да бидат сегментно ресецирани.
  8. Радикална цистектомија се изведува кај селектирани пациенти со присуство на екстензивен тумор или рецедивирачки суперфицијален тумор.