• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Колку се чести малигните тумори на назофаринксот? Печати

Човечкиот голтник (фаринкс) е диференциран на три дела:

    • Горен (носен) дел - назофаринкс, кој преку парни отвори, наречени хоани комуницира со носот.
      Среден (устен) дел - орофаринкс, кој се наоѓа зад усната празнина и со неа комуницира преку голтниково стеснување.
      Долен дел - хипофаринкс, во кој оформениот залак, со помош на јазикот рефлексно се турка наназад и се голта, преминувајќи во хранопроводот. Притоа, отворот на гркланот се затвора со неговото капаче (епиглотис). Со тоа се спречува навлегување на храната во дишните патишта.

Честотата на малигните тумори на назофаринкс

Назофарингеалниот карцином во многу земји претставува ретко заболување.

Неговата највисока фреквенција на јавување е во Кина и во земјите на Југоисточна Азија. Во САД секоја година се регистрираат 11.000 нови случаи на карцином на назофаринксот, од кои 8.000 мажи и 3.000 жени. Највисока инциденција на назофарингеалниот карцином во САД се забележува меѓу припадниците на жолтата раса, главно Кинези и Виетнамци и изнесува 10,8 на 100.000.

Карциномите на назофаринксот покажуваат најголема склоност кон далечно метастазирање.