• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми за рак на простата - Лист 7 PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 07:46
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми за рак на простата
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Метастатски карцином
Сите страници

Метастатски карцином на простата

Третманот на метастатскиот карцином на простатата е примарно хормонален.

Хемотерапија

Системската хемотерапија се применува кај хормонорезистентните пациенти со карцином на простатата.

Стандарден хемотераписки протокол, кој покажал позитивен одговор кај метастатскиот карцином на простата, кај хормонорезистентните пациенти, е со примена на Mitoxantrone и Prednizon:

Mitoxantrone: 12 mg/m2 интравенски 1 ден

Prednisone: 2x 5mg per os. континуирано во тек на 21 ден. Протоколот циклично се повторува на 21 ден.

Најновите испитувања покажале дека Docetaxel на секои три недели (75mg/m2) дава подобар одговор кај метастатските карциноми на простатата кај хормонорезистентните пациенти, односно подолго преживување од она што се постигнува со стандардниот протокол со Mitoxantrone и Prednizone.