• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми за рак на простата - Лист 5 PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 07:46
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми за рак на простата
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Метастатски карцином
Сите страници

Стадиум IV

(T4, N0, M0, кое било G; било кое T, N1, M0, кое било G; било кое T, било кое N, M1, кое било G)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Хормонална терапија како иницијална терапија кај стадиум IV на простатичниот карцином
    • Хируршка кастрација – билатерална орхиектомија како самостојна терапија или комбинирана со примена на андроген блокатор.
    • Медикаментозна кастрација со LHRH агонисти како самостојни дневни или депо препарати. Ако се користат самостојно, овие агенси можат да бидат придружени со клиничка слика на нагло влошување на болеста-tumor flare, па затоа иницијална примена на конкомитантни андрогени треба да биде земена во обѕир при присуство на хепатална болка, уретрална опструкција или очекувана компресија на ‘рбетниот мозок (ннд-B).
    • Leuprolide плус flutamide. Сепак, додавањето на антиандроген на leuprolide не покажало јасно подобрување на преживувањето во една метаанализа.
    • Естрогени (DES, chlorotrianisene, ethinyl estradiol, conjugated estrogens U.S.P. и DES-diphosphate).
  2. Екстерна радиотерапија како обид за куративна терапија (високо селектирани пациенти со стадиум М0 на болеста, т.е. без присуство на дистантни метастази). Екстерната радиотерапија треба да започне 4-6 седмици по реализираната трансуретрална ресекција на туморот на простатата, со цел да се редуцира инциденцата на секвелите (уринарна инконтиненција, уретрални структури). Хормонотерапијата треба да се разгледа како дополнителна терапија на екстерната радиотерапија кај овие пациенти.
  3. Палијативна радиотерапија.
  4. Палијативна хирургија (трансуретрална ресекција на туморот на простатата).
  5. Внимателно следење на болеста без примена на третман, само кај селектирани пациенти.
  6. Радикална простатектомија со истовремена билатерална орхиектомија е сè уште под клиничка евалуација.
  7. Системска хемотерапија за хормон-рефрактерна болест е сè уште под клиничка евалуација.
    1. Дефинитивната радиотерапија се спроведува кај оние пациенти што претходно биле третирани со радикална простатектомија и кај кои се јавува само локална рекуренца без присуство на дисеминирана болест.
    2. Кај одреден број пациенти, кои иницијално биле третирани со дефинитивна екстерна радиотерапија, локалната рекуренца може да се третира со хируршки третман-простатектомија (доколку не е придружена и со дисеминирана болест, што е случај само кај 10% од овие пациенти). Најголемиот број пациенти, кои иницијално биле третирани хируршки или со радиотерапија, покрај локална рекуренца имаат знаци и за присутна дисеминирана болест. Во овие случаи администрирањето на хормонотерапијата (како кај стадиум IV) овозможува задоволувачко продолжување на контролата на болеста.
    3. Палијативната ирадијација поради болки во коските може да биде многу корисна. Сличен ефект со неа има и единечната интравенска доза на стронтиум 89 (150 MBq: 4 mCi).
    4. Поради лошата прогноза за пациентите со релапс и дисеминирана болест по терапијата со хормони, се препорачуваат клинички студии (фаза 1 и фаза 2 од студии на нови хемотерапевтски и биолошки агенси).
    1. Медикаментозната кастрација со LHRH агонисти треба да е придружена со антиандроген за време од четири недели. Не постои докажан бенефит во прилог на продолжување на тоталната андрогена блокада повеќе од овој период.
    2. Хемотерапијата комбинирана со преднизон може да е палијативна за болката (docetaxel, mitoxantrone, estramustine) и има умерен ефект врз преживувањето (docetaxel).
    • претходно спроведениот третман (радиотерапија и/или хирургија),
    • локализацијата на рекуренцата,
    • присуството на придружните болести кај пациентот.