• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми за рак на простата - Лист 4 PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 07:46
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми за рак на простата
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Метастатски карцином
Сите страници

Стадиум III

(T3, N0, M0, кое било G)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Екстерна радиотерапија. Хормоналната терапија (континуирана андрогена супресија) треба да се разгледа како дополнителна терапија на екстерната радиотерапија. Кога се употребува LHRH-аналог (goserelin) како адјуванс, веројатно е подобро со терапијата да се започне веднаш, а не подоцна при појавата на релапс (ннд-B). Екстерната радиотерапија треба да започне 4-6 седмици по реализираната трансуретрална ресекција на туморот на простатата, со цел да се редуцира инциденцата на секвелите (уринарна инконтиненција, уретрални структури). Кандидати за екстерна радиотерапија се оние пациенти со хистопатолошка дијагноза на карцином на простатата, кој е ограничен на неа или на околните ткива (се применува во стадиум I, II или III).
  2. Хормонална терапија. Хируршка кастрација (билатерална орхиектомија) или медикаментозна кастрација со примена на LHRH-агонисти, обете со еднаков ефект.
  3. Радикална простатектомија, обично придружена со пелвична лимфаденектомија кај високо селектирани пациенти. Треба да се размисли за примена на постоперативна радиотерапија кај оние пациенти кај кои е најдена капсуларна пенетрација или инвазија на семиналните везикули со карциномот, за време на реализираната простатектомија или, пак, постојат покачени вредности на PSA во крвта подолго од три седмици по реализираната простатектомија. Улогата на предоперативната (неоадјувантна) хормонотерапија останува неетаблирана во денешно време.
  4. Внимателно следење на болеста, без примена на третман, само кај селектирани пациенти.

Симптоматска терапија

Бидејќи многу пациенти со стадиум III на болеста имаат уринарни симптоми, контролата на симптомите е важен дел од третманот:

  1. Радијациска терапија
  2. Хормонални манипулации
    • Орхиектомија
    • Leuprolide или други LHRH-агонисти (Zoladex) како дневни или депо препарати. Овие лекови можат да бидат асоцирани со tumor-flare.
    • Естроген (Dyetilstilbestrol – DES), нестероидни антиандрогени (пр. flutamide, nilutamide и bicalutamide) или стероидни антиандрогени (cyproterone acetate).
    Метаанализа на рандомизирани студии, кои компарирале хормонална монотерапија кај пациенти со стадиум III и IV (предоминантно стадиум IV) на карцином на простата, дошла до следниве заклучоци:
    • Вкупното 2-годишно преживување при користење на кој било од LHRH-агонистите е слично како со третман со билатерална орхиектомија или 3 mg дневно DES.
    • 2-годишното преживување при употреба на нестероидни антиандрогени е слично или полошо одошто со билатерална орхиектомија.
    • Третман – withdrawal има помалку при употреба на LHRH-агонисти одошто со нестероидни антиандрогени
  3. Палијативна хирургија (трансуретрална ресекција)
  4. Интерстицијална имплантација комбинирана со екстерна ирадијација се користи во некои студии, но има малку информации.
  5. Клинички студии за алтернативни форми на ирадијациска терапија.
  6. Ултразвучно водена перкутана криохирургија – сè уште клинички се испитува.