• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми за рак на простата - Лист 3 PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 07:46
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми за рак на простата
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Метастатски карцином
Сите страници

Стадиум II

(T1a, N0, M0, G2-4; T1b, N0, M0, кое било G; T1c, N0, M0 кое било G; T1 (не специфицирано), N0, M0 кое било G; T2, N0, M0, кое било G)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Радикална простатектомија, обично придружена со пелвична лимфаденектомија(со или без примена на техника за зачувување на нервите, кои овозможуваат нормална сексуална функција-потенција). Оваа тераписка опција обично е резервирана за пациенти во добра општа состојба, со добро здравје, на возраст до 70 години и коишто се согласиле со овој третман. Радикалната простатектомија се изведува со перинеален или ретропубичен пристап (се применува кај стадиум I или II). Радикалната простатектомија може да биде тешко изводлива по реализирање на TUR на простатата. Треба да се размисли за примена на постоперативна радиотерапија кај оние пациенти кај кои е најдена капсуларна пенетрација или инвазија на семиналните везикули со карциномот, за време на реализираната про-статектомија, или пак постојат покачени вредности на PSA во крвта подолго од три седмици, по реализирањето на простатектомијата. Улогата на постоперативната радиотерапија е да го намали процентот на локалната рекуренца, т.е. да овозможи подобра локална контрола на болеста.
  2. Внимателно следење без примена на третман кај селектирани пациенти.
  3. Дефинитивна екстерна радиотерапија. Треба да започне 4-6 седмици по реализираната трансуретрална ресекција на туморот на простатата, со цел да се редуцира инциденцата на секвелите (уринарна инконтиненција, уретрални структури). Кандидати за дефинитивна радиотерапија се оние пациенти со хистолошка дијагноза на карцином на простата, кој е ограничен на неа или на околните ткива (стадиум I, II или III). Профилактичката ирадијација на клинички или патолошки неинволвираните пелвични лимфни јазли изгледа дека не ги подобрува ниту општото ниту болест-специфичното преживување.
  4. Дефинитивна екстерна радиотерапија плус андроген супресија. Рандомизираната студија, која ја компарира само екстерната радиотерапија со екстерна радиотерапија плус 6-месечна комбинирана андроген супресија (LHRH-агонист плус флутамид) кај пациенти со стадиум I или стадиум II (со зголемен ризик за прогресија на болеста пр.: ПСА ≥10, Глисон скор ≥7) прикажува општо 5-годишно преживување од 78% кај првата наспрема 88% кај втората група (p=0.04).
  5. Интерстицијална имплантација на радиоактивни изотопи (J-125 , Palladium, Iridium). Се спроведува со трансперинеална техника кај селектирани пациенти со Т1 или Т2а карциноми на простатата. Short-term резултатите од овој тераписки модалитет кај овие селектирани пациенти се слични со оние што се постигнуваат со радикална простатектомија или радикална екстерна радиотерапија (ннд-D). Стапката на зачуваност на сексуалната способност со интерстицијалната имплантација се движи од 86% до 92%, споредено со 10-40% при радикална простатектомија и 40-60% со радикална екстерна радиотерапија.
  6. Ултразвучно водена перкутана криохирургија – сè уште клинички се испитува.