• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми за рак на простата - Лист 2 PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 07:46
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми за рак на простата
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Метастатски карцином
Сите страници

Стадиум I

T1a, N0, M0, G1 (Глисон 2-4)

Стандардни тераписки модалитети:

  1. Внимателно следење без примена на третман кај селектирани пациенти.
  2. Дефинитивна екстерна радиотерапија. Треба да започне 4-6 седмици по реализираната трансуретрална ресекција на туморот на простатата, со цел да се редуцира инциденцата на секвелите (уринарна инконтиненција, уретрални структури). Кандидати за дефинитивна радиотерапија се оние пациенти со хистолошкам дијагноза на карцином на простата, кој е ограничен на неа или на околните ткива (стадиум I, II или III).
  3. Радикална простатектомија, обично придружена со пелвична лимфаденектомија (со или без примена на техника за зачувување на нервите, кои овозможуваат нормална сексуална функција-потенција). Оваа тераписка опција обично е резервирана за пациенти во добра општа состојба, со добро здравје, на возраст до 70 години и коишто се согласиле со овој третман. Радикалната простатектомија се изведува со перинеален или ретропубичен пристап (се применува кај стадиум I или II). Радикалната простатектомија може да биде тешко изводлива по реализирање на TUR на простатата. Треба да се размисли за примена на постоперативна радиотерапија кај оние пациенти кај кои е најдена капсуларна пенетрација или инвазија на семиналните везикули со карциномот, за време на реализираната простатектомија, или пак постојат покачени вредности на PSA во крвта подолго од три седмици по реализирањето на простатектомијата. Улогата на постоперативната радиотерапија е да го намали процентот на локалната рекуренца, т.е. да овозможи подобра локална контрола на болеста.
  4. Интерстициијлна имплантација на радиоактивни изотопи83 (J-125 , Palladium, Iridium). Се спроведува со трансперинеална техника кај селектирани пациенти со Т1 или Т2а карциноми на простата. Short-term резултатите од овој тераписки модалитет кај овие селектирани пациенти се слични со оние што се постигнувааат со радикална простатектомија или радикална екстерна радиотерапија.