• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми за рак на простата PDF Печати
Четврток, 26 Јуни 2008 07:46
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми за рак на простата
Стадиум I
Стадиум II
Стадиум III
Стадиум IV
Рекурентен карцином
Метастатски карцином
Сите страници

Третман на локализиран карцином на простата

(T1-4, NX, M0)

Не постои општ консензус за тоа кој е најдобриот третман. Ако туморот е добро диференциран и интракапсуларен, 10-годишното преживување изнесува 90-94% со кој било од наведените тераписки модалитети.

Во единствената рандомизирана студија направена досега, радикалната простатектомија значително го намалила специфичниот морталитет од болеста кај стадиумите T1b, T1c и T2 на простатичниот канцер, во споредба со внимателно следење без примена на третман (4,6% спрема 8,9%; средно време на следење 6,2 години). Сепак, не постоела разлика во севкупното преживување. Одлуката за третманот треба да се базира врз клиничкиот стадиум и хистопатолошката класификација, како и врз возраста, општата состојба и коморбидитетот на пациентот.

Пациентот треба да се информира за потенцијалниот бенефит и штета од различните третмански опции пред да се донесе конечната одлука.

Кај клинички локализиран, нискоризичен карцином на простата (Т1-2б, Глисон ≤6, PSA < 10 микрограми/л), надворешната радиотерапија и брахитерапијата се алтернативи на радикалната простатектомија со сличен исход.

За постигнување на локална контрола, таргет-дозата кај екстерната радиотерапија треба да е ≥66 Gy, дадена во 1,8-2,0 Gy фракции, за 6-7 недели.

Андрогената супресија пред, за време или по екстерната радиотерапија значително ја подобрува локалната контрола, ја намалува прогресијата на болеста и го подобрува општото преживување кај пациентите со среден или висок ризик или локално авансиран (Т2-Т4) карцином на простата. Сепак, не постојат доволно докази за препорака за тајмингот на супресијата и нејзиното траење, кое во студиите варира од 3 месеци до 3 години.

Болната гинекомастија треба да се превенира со ирадијација на градите (8-15 Gy во 1-3 фракции) 1-2 недели пред започнувањето со антиандрогенската терапија.