• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е простата и кои се нејзините функции? Печати
// -->

Простатата е жлезда со надворешно лачење и е дел од машкиот полов (ре про дук тивен) систем. Таа е во анатомско-функционални односи со семениците, нат се мениците, семените меурчиња и семеводите. Сместена е под мочниот меур, на осно вата на машкиот полов орган и непосредно пред задното црево. Таа всушност го оп кружува задниот простатичен дел на мочниот канал.

Градба на простатата

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма). За време на ејакулацијата се исфрла густа ли гава течност, секрет, кој го создаваат повеќе жлезди: двата семеника, двете семени меурчиња, простатата и двете мали жлезди од околината на мочниот меур.

Функции на простатата

Науката сè уште не ги познава сите функции на простатата. Таа останува жлезда во човечкото тело, која е најмалку разјаснета.

Семеникот (тестис) е орган во кој се произведуваат сперматозоидите, а машкиот полов орган (пенис) помага да се исфрли спермата во вагината. Според тоа, тестисот и пенисот се т.н. примарни сексуални ор гани.

Простатата се смета за придружна сексуална жлезда, иако, веројатно, нејзината единствена функција е поврзана со сексуалниот, односно со машкиот репродуктивен систем. Со тоа таа индиректно е вклучена во оплодувањето.

Главната функција на простатата е да создава и да складира бистра, лесно алкална течност (секрет со pH 7.29). Оваа течност сочинува 10%-30% од волуменот на семена та течност. Во функционален поглед, простатичниот секрет има многу значајна улога. Овој секрет се создава во простатичните жлезди и се излева преку простатичните канал чи ња во простатичниот дел на мочниот канал. Мазните мускули на простатата по ма гаат во исфрлањето на семената течност. Каналите што ги спроведуваат сперматозоиди те, кои се создаваат во тестисите, исто така се излеваат во простатичниот дел на моч­ниот канал. Истовремено во него се излева и содржината од семените меурчиња.

Семени те меурчиња се две парни жлезди, во форма на спирална цевка, кои се сместени по зади и под мочниот меур и непосредно над простатата. Нивната течност содржи белкови ни и шеќери (фруктоза), кои се енергетски извор (храна) за сперматозоидите.

За време на ејакулацијата содржината од сите овие структури се излева во простатичниот дел на мочниот канал, каде се формира семената течност. Основна задача на простатичната течност е да служи како транспортна средина на спер ма тозоидите на тој начин што го зголемува волуменот на семената течност. Но, исто така, учествува и во исхраната на сперматозоидите, ги зајакнува, и ја неутра лизира киселоста на вагиналниот канал кај жената. Со тоа се продолжува и животот на сперматозоидите. Се смета дека простатичниот секрет учествува и во еден многу важен процес како што е заштитата на генито-уринарниот систем од разни штетни надворешни фактори (бактерии, вируси и др.), кои можат да навлезат од надворешниот мочен канал. Простатичниот секрет има улога на заштитна бариера и не дозволува ширење на инфекцијата во органите на машкиот полов систем, како и нагоре во органите на уринарниот систем (мочниот меур и бубрезите).