• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Дали и како може да се спречи ракот на мочниот меур? Печати

Ракот на мочниот меур учествува со само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај човекот. Почест е кај мажите отколку кај жените и тој однос е 2:1.

Инциденција на инвазивниот рак на преодниот епител на мочниот меур во Европската Унија е 19.5/ 100 000 годишно, смртноста е 7.9/ 100 000 годишно.

Ракот на мочниот меур обично се јавува во понапредната возраст. Околу 70% од пациентите со рак на мочниот меур се на возраст над 65 години.

Бидејки не е позната причината за настанувањето на ракот на мочниот меур како и сите можни фактори на ризик, не е можно да се спроведе адекватно спречување на болеста. Затоа за да се намали ризикот од ракот на мочниот меур, потребно е да се избегнуваат познатите фактори на ризик, кои ги зголемуваат =ансите за негово јавување.

Како превенција на ракот на мочниот меур се наведува:

  • престанок на пушењето,
  • избегнување на изложеност на некои канцерогени фактори (на пример одредени професии при кои лицата се изложени на одредени хемиски канцерогени),
  • правилна исхрана со внесување на повеќе овошје и зеленчук ви исхраната, а помалку конзервирана храна.

Но, сепак најважно е нејзиното рано откривање.