• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Dr. David Servan-Schreiber: Штетното зрачење на мобилните телефони Печати

Dr. David Servan-Schreiber е познат француски невропсихијатар и клинички професот по психијатрија на Универзитетот во Питсбург, основач на Центарот за интегративна медицина и еден од основачите на американскиот огранок на организацијата „Лекари без граници“, наградена со Нобелова награда за мир во 1999 година.

Dr. Servan-Schreiber е и автор на два светски бестселери „Оздравување – лечење на стресот, анксиозноста и депресијата без лекови и психотерапија“ и актуелниот бестселер „Против ракот - нов начин на живот“.

Во книгата „Против ракот – нов начин на живот“, која стана светски хит, тој ја раскажал својата вистинска животна приказна и го опишал својот долг соживот со туморот на мозокот. „Против ракот – нов начин на живот“ е трогателна приказна за потрага по рамнотежата, но води и радикална расправа за влијанието на околината, животниот стил и траумите во настанувањето на ракот, предупредувајќи дека во сите нас „спијат“ клетки на ракот, а останува на нас самите да го исчистиме својот сопствен „терен“.

Еве што вели Dr. Servan-Schreiber за штетноста на мобилните телефони.

„Повеќето студии кои ги проучував за да ја откријам поврзаноста помеѓу мобилните телефони и туморите на мозокот велат дека нема поврзаност меѓу мобилните телефони и развојот на туморот на мозокот. Но, од друга страна, 99% од овие студии се бавеле со истражување помалку од 5 години, бидејќи мобилните телефони се релативно нова појава.

Ако би ги проучувале луѓето кои пушат 5 години по 1 кутија цигари дневно, би виделе дека тоа нема никакво влијание на појавата на ракот на белите дробови. За да пушењето доведе до рак на бели дробови, потребно е да се пуши од 15 до 35 години. Значи, сите студии направени во период пократок од 5 години, можат да се сметаат за ирелевантни.

Ако ги погледнеме студиите кои опфатиле период од 10 години употреба на мобилни телефони, и тоа 1 час дневно, тогаш во просек гледаме дека двојно се зголемува ризикот од развој на тумор на онаа страна на која се користи мобилниот телефон. Мобилните телефони треба да ги користиме така да ризикот се намали на најмала множна мерка. Секако нема да ги исфрлиме од употреба. И јас ги користам, а живеам со тумор на мозокот веќе 17 години“.