• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Лековитото дејство на црната рибизла - Ribes nigrum

Црната рибизла е многу слична со црвената, само што нејзините листови од долната страна имаат масни жлезди. Цветовите се жолтеникаво-зелени, а по ивиците црвено-кафени. Плодовите на црната рибизла се во почетокот, исто така, црвено-кафени, а кога созреваат стануваат поцрвени и потемни, скоро црни.

Лековитото дејство на црната рибизла

Црната рибизла е богата со витамин Ц, па затоа таа ги спречува и лекува тешките инфекции, а пред се воспалението на белите дробови.

Плодовите и сокот од оваа билка се многу корисни при бубрежни заболувања, грчеви и болки во органите за варење.

Плодовите се препорачуваат за јакнење и чистење на крвта. Посебно им се препорачуваат на лицата кои се склони кон анемија.

Плодот од рибизлата помага во нормализирањето и стабилизирањето на крвниот притисок. Утврдено е дека сокот од црната рибизла помага при крварење од непцата и при проширени вени.

Плодот и сокот од црната рибизла поволно делуваат на работата на мозокот. Тие ја зголемуваат концентрацијата и памтењето и му дават енергија на мозокот.

Чајот од црната рибизла влијае поволно на работата на бубрезите и ги ублажува тегобите предизвикани од реума и гихт.

 

Прочитајте и: