• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Сите лоши страни на шеќерот

Исфрањето на белиот шеќер од исхраната дефинитивно значи свртување на нов лист во животот. Сите знаат дека белиот шеќер не е добар за забите, но постојат и многу посериозни проблеми кои доаѓаат со неговото консумирање. Факт е дека шеќерот дава само празни калории и дека не содржи витамини и минерали, кои му помогаат на телото да се одржи во добро здравје.

Белиот шеќер не само што не ги содржи витамините и минералите, туку тој предизвикува и губиток на некои од нив. Така на пример, шеќерот предизвикува губиток на хром од организмот, па телото треба овој минерал да го извлекува од своите резерви. Истото се случува и со калциумот, фосфорот и железото. Со консумирање на бел шеќер слабее и контролата на нивото на шеќерот (гликоза) во крвта. Во екстремни случаи може да доведе до развој на шеќерна болест (дијабет), која денес е во постојан пораст.

Решение не е ни кафениот шеќер бидејќи, иако содржи нешто минерали, тој во организмот се разградува исто како и белиот шеќер. Затоа, користете го само повремено и умерено.

Ако во исхраната се користи бел шеќер – сахароза, значителен дел од сахарозата не се разградува до прости шеќери, туку останува неискористена и како таква директно влијае на зголемувањето на мастите во организмот.

Вишокот на масти во организмот доведува до различни оштетувања на органите и до појава на многу болести. Со други зборови, со користење на бел шеќер може да дојде до оштетување на панкреасот, до појава на шеќерна болест, до појава на кариес кај децата, до развој на кардиоваскуларни заболувања, до пораст на триглицеридите во крвта, до зголемување на крвниот притисок и слично.

Постојаното консумирање на шеќер е главна причина за прекумерна телесна тежина, за остеопороза, за послабо функционирање на одбрамбениот организам и за појава на кардиоваскуларни заболувања.

Губиток на концентрација, депресија, вознемиреносст, анксиозност, хиперактивност (посебно кај малите деца) па дури и агресивност и насилно однесување се пореметувања кои се поврзуваат со повеќегодишното консумирање на шеќерот.

Што може да ја зголеми желбата за шеќер

1. Консумирање на намирници кои содржат шеќер ствараат постојана желба, при што количината се зголемува (чувство дека неможеме да се контролираме),

2. Хаотична ио нередовна исхрана,

3. Неможност да се справиме со надворешниот стрес,

4. Решавање на фрустрациите и проблемите со јадење на слатки,

5. Недоволно белковини во исхраната,

6. Премногу сол и намирници од животинско потекло во исхраната.

Најздрави извори на шеќер се овошјето, зеленчукот и житариците

Скриениот шеќер често доаѓа и под други називи, како што се гликоза, сахароза, декстроза, лактоза, галактоза, фруктоза... Бидејќи индустријата многу брзо се прилагодува, денес на пазарот може да се најдат многу производи на кои е истакнато дека се без шеќер. За жал, тоа често значи дека тие производи содржат вештачки засладувачи - хемиски состојки кои нашиот организам не го препознава како храна. Затоа, избегнувајте сахарин, аспартам, сорбитол...

Шеќерот се наоѓа во сите газирани пијалоци, сокови, кекси и други слатки, во конзервираната храна, во лебот, пивото, цигарите, мајонезот и разните преливи, во кечапот, димената шунка и другите сувомеснати производи, во готовите супи, во чипсот, во инстант чаевите и инстант кафето.

Да престанеме со консумирање на шеќер не значи и да се откажеме од благо!

И кај нас можат да се најдат квалитетни десерти и слатки со засладувачи од житарици, како од јачмен, ориз, пченка,просо... . Овие засладувачи по својот изглед потсетуваат на мед, но се со поблаг вкус и за разлика од медот содржат сложени шеќери (полисахариди). Овие природни засладувачи се прават од изр`тени житарици и содржат малтоза (шеќер од житарици), но и витамин Б. Ваквите житни засладувачи можат да се најдат во продавниците за здрава храна.

Главен извор на квалитетен шеќер би требало да бидат житариците, коренестиот зеленчук и овошје и нивните производи. Квалитетната и разновидна исхрана, овошјето и зеленчукот, секако, можат да помогнат во намалувањето на желбата за шеќер.

За разлика од белиот шеќер, медот е извонредна храна, која по својот состав во целост одговара на физиолошките потреби на човечкиот организам и во многу случаи може да биде корисна замена за белиот шеќер.

 

Прочитајте и: