• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е тоа хронична и пробивна (breakthrough) болка? Печати

Лицата со канцерска болка често пати забележуваат дека интензитетот на болката се менува во текот на денот. Многу пациенти имаат два вида на болка: хронична (постојана) болка (трае подолго од 3 месеци) и пробивна (breakthrough) болка.

Перзистентната (континуирана) болка е обично контролирана со медикаменти кои се земаат во точно одредени временски интервали. Пробивната болка е болка која не е контролирана од регуларните дози на медикаменти. Пробивната болка е јако распламнување на болката, кое се јавува и покрај тоа што пациентот зема редовно медикаменти за перзистирачката болка.

Научниците се повеќе го проучуваат овој вид на болка. Таа се вика breakthrough болка, бидејќи ја пробива редовната медицинска програма за болка. Вообичаено за пациентите со перзистентна болка е да имаат вакви епизоди на breakthrough болка. Оваа болка може да биде различна кај секој пациент и обично пациентот неможе да предвиди кога ќе се јави. По правило, оваа болка доаѓа наеднаш, трае околу еден час и е многу поинтензивна и појака од перзистентната болка.

Breakthrough болката сe јавува како пик и покрај земањето на редовната терапија за континуираната болка. Таа варира по својот интензитет.