• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Квантитативна Компјутерска Томографија (ККТ) – неинвазивна дијагностичка метода Печати

Квантитативната компјутерска томографија е брза, неинвазивна метода за одредување на густината на коскеното минерализирано ткиво, која користи компјутерска томографска (КТ) технологија. Оваа метода е многу прецизна и се користи за рано откривање на остеопорозата.

Квантитативната компјутерска томографија детектира намалена густина на коскено ткиво и, исто така, со неа може да се следи ефектот од терапијата на остеопорозата.

За време на прегледот се испитуваат `рбетниот столб и карлицата за утврдување на намалена густина на коскеното ткиво, односно остеопороза. ККТ е единствениот преглед со кој е можен тродимензионален коскен преглед.

Со ККТ се одредува посебно густината на метаболно-активниот дел од коската-трабекуларниот дел и посебно цврстиот, надворешен дел на коските.

Бидејќи „мекиот“ дел од коските е порано зафатен од остеопороза во однос на цврстиот дел, ККТ овозможува поставување на дијагноза на остеопороза во најраните фази.

Подготовка за преглед

За изведување на прегледот не се потребни посебни подготовки на пациентот. Потребно е пациентот да не носи метални објекти при изведување на прегледот.

Изведба на прегледот

Пациентот лежи нормално облечен на маса, над која се наоѓа апаратурата на ККТ. ККТ работи на принцип на рентген зраци, но зрачењето е минимално. Коскената густина се одредува и на рбетниот столб и на карлицата, бидејќи коскената минерализација не е иста во сите коски во телото. Така додека во некои коски, коскената густина е нормална, во други делови може да има остеопороза и со тоа зголемена склоност кон скршеници. ККТ прегледот трае околу 15 минути.