• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е радикалната простатектомија и кои се нејзини несакани последици? Печати

Радикалната простатектомија е хируршки третман на ракот на простатата при кој се отстранува целата простатична жлезда или само дел од неа.

Радикалната простатектомија треба да се изведе само кај оние пациенти кои се во ран стадиум на болеста, односно кај пациенти со локализирана болест, но не и кај оние кај кои постои напреднат тумор. Во тие случаи оперативниот третаман не би можел да биде радикален, односно не би можело во целост да се отстрани туморот. За таквите пациенти многу попогодни се другите можни тераписки опции.

Оваа тераписка опција е погодна за пациент со ран стадиум на болест, кога карциномот е ограничен само на простатата (стадиум Т1ц или Т2а и Т2б), со Глисонов збир до 7 (3+4), кога е на возраст до 70 години, во добра општа состојба, со добро здравје и кога дава согласност за ваков третман.

Во овие случаи се изведува радикална простатектомија, при која се отстранува целата простата со нејзината капсула и семените кесички.

Можат да се применат два метода на радикалната простатектомија:

  • лапароскопски метод и
  • отворен оперативен метод.

Радикалната простатектомија е рутинска операција, но спаѓа во поголеми оперативни зафати. Мора да се напомене дека простатектомијата, како и многу други оперативни зафати, е многу деликатна работа и бара голема стручност од страна на хирургот и негово долгогодишно искуство, не само во изведувањето на оперативниот третман, туку и во правилната клиничка проценка дали тој пациент е погоден за таков вид третман.

Операцијата обично трае околу 2 часа, а болниот се враќа дома по 4-6 дена. Обично, болниот е подготвен да се врати на своите вообичаени активности по 2 месеци од операцијата.

Радикалната простатектомија е поврзана со одредени несакани ефекти, кои се јавуваат како компликација на оперативниот зафат.

Главни несакани ефекти од радикалната простатектомија се:

  • инконтиненицијата (неволно и некотролирано мочање) и
  • импотенцијата (еректилна дисфункција),
  • сувата ејакулација,
  • неплодноста.