• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е акутен бактериски простатит и како се лечи? Печати

Акутниот бактериски простатит е акутно воспаление на простатата, кое најчесто е предизвикано од разни видови на бактерии.

Најчест причинител на акутниот бактериски простатит е бактеријата Esherichia coli (65%-80%), а потоа следат Pseudomonas Aeruginosa, Seratia, Klebsiella и Enterobacter Aerogenes. Поретко, акутниот бактериски простатит може да биде предизвикан од бактеријата Micobacterium tuberculose или од сексуално преносливите прчинители.

Субакутните и хроничните простатити најчесто се предизвикани од Chlamydia trachomatis, а потоа од Ureplasma urealyticum и од другите бактерии.

Акутниот бактериски простатит претставува потешко заболување. Најчесто се јавува кај младите мажи, до 40 годишна возраст. Често може да биде провоцирано од настинка, од возење на велосипед, од консумирање на ладни пијалоци. Често се јавува и при постоење на каменчиња во мочните канали или во мочниот меур. Може да се јави и по агресивен сексуален однос, по анален секс без заштита со кондом, по некои интервенции, како по катетеризација на мочниот меур или по цистоскопија.

Симптоми и знаци на акутниот бактериски простатит

Акутниот простатит го карактеризираат симптоми кои се јавуваат одненадеш. Симптомите на акутниот бактериски простатит можат да бидат:

  • локални и
  • системски (општи симптоми на инфекција)

Локални симптоми

Најчести локални симптоми на акутниот бактериски простатит се:

  • акутна болка пропратена со често мочање,
  • чувство на печење во мочниот канал,
  • болни грчеви во мочниот канал,
  • отешнато мочање со послаб млаз кој се прекинува во текот на мочањето,
  • поретко може да дојде и целосно прекинување на мочањето (уринарна ретенција),
  • болки во долниот дел на стомакот,
  • болки и во тестисите.

Болките се засилуваат при движење, а во некои случаи не е можно седење, поради јаката болка.

Системски (општи) симптоми на инфекција

Покрај локални симптоми и знаци, акутниот простатит може да биде придружен и со општи симптоми на инфекција, како што се:

  • висока телесна температура,
  • треска,
  • општа слабост,
  • малаксалост,
  • мачнина, гадење и повраќање.

Сепак, сите овие симптоми, како и нивниот интензитет, варираат од пациент до пациент.

Поставување на дијагноза

Во некои случаи тешко е да се постави точна дијагноза на простатитот и може да се помеша со некои други заболувања, како што се бубрежната болка, воспалението на слепо црево, и други.

Сепак, лекарот со земањето на податоци за почетокот на болеста, за локализацијата и видот на тегобите, како и со ректалниот преглед, најчесто може да ја открие акутната форма на простатитот.

При ректален преглед, простатата е отечена, болна и топла на допир.

Терапија на акутниот бактериски простатит

Симптомите на лесната форма на простатит може и спонтано да исчезнат, без примена а терапија. Но, кај појаките инфекции, важна е раната дијагноза, како и брзо и ефикасно лекување, со цел таа ефикасно да се искорени и да не премине во хроничен простатит. Тоа може да се случи доколку акутниот простатит не се лекува, или неадекватно се лекува.

Акутниот бактериски простатит успешно се лекува со антибиотици. Најдобро е да, по земањето на брис од мочниот канал, или од простатичниот секрет, се направи микробиолошки преглед на брисот, со цел да се изолира на видот на бактеријата и да се ведаш започне со антибиотска терапија.терапијата треба да се започне веднаш, без да се чека резултатот од микробиолошкиот наод.

Сепак, треба да направи уринокултура пред започнувањето со антибиотска терапија, со која ќе се утврди која бактерија е причинител на инфекцијата и кој антибиотик е најефикасен за нејзино уништување.

Доколку антибиотикот со кој било започнато лекувањето показал се покажал не ефикасен, според резултатите добиени од антибиограмот, тој треба ведаш да се замени со оној антибиотик кој покажал најголема ефикасност за изолираната бактерија, која ја причинила инфекцијата.

Терапијата обично трае од 2-4 недели. Ако простатитот реагира на оваа терапија, обично треба да се продожи до 30 дена со намалена доза (одржувачка), за да се спречи минувањето во хронична форма на простатит.

Исто така, покрај антибиотската терапија, како дополнителна терапија се користат и други антиинфламаторни лекови, како што се аналгетиците, со цел да се намали болката и високата температура (најчесто аспирин, парацетамол и други).

За време на акутниот простатит пациентот треба да мирува, да лежи во кревет, да пие повеќе течности и да има правилна исхрана.

Не се препорачуваат поголеми физички активности, возење на велосипед и слични надразнувања на простатата. Масажата на простатата во акутната фаза е болна и е забранета, бидејќи може да доведе до влошување на воспалението и до расејување на бактериите преку крвта во другите органи. Во некои случаи може да доведе и до труење на крвта (сепса).

Со терапијата на акутниот простатит најчесто се постигнува целосно излекување. Во помал број на случаи, обично при неадекватно спроведена терапија, тој минува во хроничен простатит.