• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зошто е ракот епидемија на нашето време? Печати

Dr. Servan-Schreiber

Живееме во епидемија на рак во западните земји.

„Евидентно е дека живееме во епидемија на рак во западните земји. Студиите спроведени во Велика Британија покажуваат прогресија на ракот на дојката од 40-тите години на минатиот век. Од тогаш, ракот на дојката рапидно расте, па ризикот на жената родена после 1945-та година да оболи од рак на дојка, пред 50-тата година од својот живот, е три пати поголем во однос на ризикот кој го има жената родена пред Втората светска војна“, вели Dr. Servan-Schreiber

„Порастот на ракот на простатата е уште поевидентен, па стапката на ракот на простатата помеѓу 1978 и 2000 година во развиените европски земји се зголемила за 200%, а во САД за 258 %“.

„Истражувањата, исто така, покажуваат дека последниве неколку децении има помалку заболени од рак на желудник, рак на уво, нос и грло, но дека инциденцата на ракот на дојката, на белте дробови, на мозокот, на кожата и на лимфниот систем покажува знаци на епидемија“, вели Dr. Servan-Schreiber.

Западниот начин на живот ствара услови за развој на ракот

Западниот начин на живот, општо, ствара поволни услови за појава на ракот, бидејќи во Африка оваа болест е реткост, освен во Јужноафричката Република, во која се практикува западен стил на живеење.

Епидемиолозите и Светската Здравствена Организација (СЗО) во текот на 1980-тите години го обиколувале светот, ја споредувале стапката на честота на ракот во различни земји и биле многу изненадени од разликите кои постоеле.

Тие ја испитувале популацијата со иста возраст и користеле исти методи како инструменти за детекција, откривање на ракот и присутноста на ракот. Што се однесува на јужната хемисфера, тие откриле слични стапки во Австралија, Нов Зеланд, Јужна Америка, особено во Чиле и Аргентина, каде начинот на живеење е сличен со оној на Запад.

Во Африка, единствена земја која била зафатена со рак на дојка, била Јужноафричката Република. На Блискиот исток, единствена земја со рак на дојка, била Израел. Во некои делови на рурална Кина немало ниту еден случај на рак на дојка.

Кинезите им рекле дека тоа е болест на богатите жени кои живеат во Хонг Конг. И биле во право. Може да се помисли дека Кинескињите ги штитат нивните гени. Но, кога ќе погледнеме подобро ќе видиме дека честотата на ракот на дојката кај Кинескињите кои живеат во Кина е мала, а во Сан Франциско, стапката на ракот на дојка меѓу Кинескињите е потполно еднаква како и онаа меѓу Американките. Бројни студии потврдуваат дека ракот е предизвикан од животниот стил, а не од гените.

Секако, тука се наметнува прашањето: Што се случило после Втората светска војна во западните развиени земји, односно, што довело до епидемија на рак?

Одговорот е многу едноставен: Промена на исхраната и епидемија на гојазност.

Според Dr. Servan-Schreiber постојат 5 фактори кои допринеле да ракот поприми епидемиски размери. Тоа се следниве фактори.

Прв фактор за пораст на ракот: Зголемена консумација на шеќер

Dr. Servan-Schreiber смета дека прв фактор за пораст на ракот е зголемената консумацијата на шеќер. Шеќерот делува како гориво за растот на клетките на ракот. Веќе воопшто не е спорно дека ракот се храни со гликоза. Зголемената употреба на рафиниран (бел) шеќер во западниот свет, се прати од 1880 година.

„Во Австо-Унгарската Монархија јадевме годишно, по човек, 5 килограми рафиниран шеќер, а во 2000 година, дури 70 килограми“, вели Dr. Servan-Schreiber.

Ќе се запрашаме: Па каде е тој шеќер, како можеме да изедеме 70 килограми шеќер годишно? Но, колку коцки шеќер ставате во шољичка кафе, две или три? Колку коцки шеќер има во една лименка Coca-Colа? Има точно 12 коцки шеќер. Според тоа, Coca-Cola е пијалок со кој ќе внесете во себе големи количини на шеќер, а да не забележите.

По консумирање на Coca-Cola сеуште сме гладни, па ќе изедеме и десерт. Едноставно, создадовме начини како да во нашиот организам внесеме големи количини на шеќер, кој поволно делува на растот на раковите клетки.

Втор фактор за пораст на ракот: Нарушени однос помеѓу омега-3 и омега-6 масните киселини.

Како втор фактор за пораст на ракот, според Dr. Servan-Schreiber е нарушениот однос помеѓу омега-3 и омега-6 масните киселини. Посебно внимание Dr. Servan-Schreiber посветува на односот помеѓу омега-3 и омега–6 масните кислеини, кои се составни делови на сите клетки во нашиот организам. Тие се нарекуваат есенцијални масни киселини, бидејќи се наоѓаат во секоја клетка на нашето тело, а телото неможе само да ги произведе, туку мора да ги внесува со храна. Омега – 3 масните киселини ги поттикнуваат антивоспалителните процеси и не штитат од сите воспаленија во телото, за разлика од омега – 6 масните киселини кои доведуваат до развој на воспалителни процеси.

Кога јадеме еднаков однос на овие масни киселини, сите воспалителни реакции во телото се уравнотежени и со нас е се во ред. Еден од важните извори на омега – 3 масните кислеини била тревата која ја паселе кравите и на тој начин и нам ни ги пренесувале омега – 3 масните киселини со мелкото, путерот, павлаката, сирењето и месото. Денес, современата американска фарма ги храни кравите со соја и пченка, намирници богати со омега – 6 масни киселини, кои во себе скоро и да не содржат омега – 3 масни киселини.

По Втората светска војна, сојата и пченката придонеле за експлозивното ширење на омега -6 масните киселини, а омега – 3 масните киселини исчезнале, поради што и нашиот биолошки мотор почнал да „трокира“. Бидејќи омега - 6 масните киселини го стимулираат растот, а единствено што во телото на возрасен човек може да расте се мастите и клетките на ракот. Всушност, гојазноста е еден од главните фактори на ризик за појава на рак во светот.

Трет фактор за пораст на ракот: Пестицидите (DDT и други)

Трет фактор е DDT, кој воопшто не постоел пред 1940-тата година, а сега е еден од најчестите пестициди.

Пестицидите се наоѓаат во крвта на сите тестирани Западноевропјани и не се безопасни. Многу пестициди делуваат како женските хормони (естроген) во телото. Тие се наречени ксеноестрогени, што значи дека делуваат како туѓи тела во организмот. За жал, голема количина на пестициди се излива во реките во Европа, па поради таа количина на естроген е сменет полот на некои речни жаби, кои од машки станале женски жаби. Dr Servan-Schreiber го посочил овој неверојатен пример.

Поларната мечка се најде на второ место по изложеност на токсините од околината, иако живее далеку од било каква хемиска постројка. Како дошло до тоа: хемикалиите се акумулираат на дното од океанот, каде помалите риби јадат планктони, големите риби ги јадат помалите, на крајот со нив се хранат морските лавови а овие се храна на поларните мечки и, бидејќи се тие на врвот од ланецот на исхрана, во нив се акумулираат токсините од сите алки во ланецот. Што мислисте кој цицач се наоѓа на прво место по изложеност на токсините?

Оваа студија е спроведена на 39 европски парламентарци и 14 министри за екологија, и кај сите нив е пронајдено 13 производи кои поволно делуваат на развој на ракот!

Четврт фактор за пораст на ракот: недостатокот на физичка активност

Четвртиот фактор е недостатокот на физичка активност, што е, инаку една од најјаките заштити при борбата против ракот, бидејќи ги стимулира сите заштитни функции на телото – Нешто длабоко се променило во нашата телесна активност, тврди Dr Servan-Schreiber. – Кој денес пешачи повеќе од 15 минути до школото или работа?

Едно истражување докажало дека жените кои имаат рак на дојката, ако пешачат шест пати неделно по 30 минути, го намалуваат ризикот од рецидив за 50 проценти.

Петти фактор за пораст на ракот: недостатокот на друштвена поддршка.

Последниот, петти фактор кој длабоко се променил е недостатокот на друштвена поддршка. Во Америка, каде Dr Servan-Schreiber сеуште живее еден дел од годината, луѓето се селат во просек на секој пет години. Тоа значи дека секоја пета година тие ги напуштат своите родители, соседи, пријатели, роднини..., најчесто затоа што така сакаат. И тоа е во ред, рекол Dr Servan-Schreiber, тоа ни дава чувство на автономија, чувство на слобода.

Меѓутоа, кога ќе се соочиме со потешкотии, тој дел на друштвена поддршка, таа мрежа на сигурност е исклучително важна. Истражувањата покажале дека нашата биологија, нашата борба против стресот највеќе ја штити токму оваа мрежа за поддршка. Како што се намалува кругот на поддршка, така се зголемува нашата изложеност на болести и ракот. Тоа се лоши факти во приказната за ракот.

Што е тоа што би можеле ние да го направиме за да си помогнеме?

Сите имаме бели крвни клетки кои непрекинато откриваат, напаѓаат и ги уништуваат клетките на ракот – подсетува Dr Servan-Schreiber. Ракот настанува кога нашите природни заштити се оштетени или кога, да кажеме, внесуваме толку многу „храна“ за клетките на ракот во нашето тело да нашите одбранбени способности се напросто совладани. Една студија ги следела жените со рак на дојка кои минале низ конвенционално лекување.

Половината примила само конвенцинално лечење и ништо друго. Другата група покрај конвенционалното лечење минала и низ една врста на едукација: научиле да се хранат на друг начин, да ги стимулираат одбранбените механизми на телото, да практикуваат физички вежби и да го држат стресот под контрола. Студијата е објавена во декември минатата година во водечкиот часопис „Канцер“ и покажала намалување на смртноста за 68 % во текот на 11 години, колку што траело истражувањето.

Нема ниту еден лек на светот кој постигнува така голем процент на намалување на смртноста. Целокупната работа на Dr Servan-Schreiber во промоцијата на своите две книги се состои во објаснувањето на луѓето дека постои и таканаречена самопомош, дека можат да си помогнат самите на себе, иако тоа сеуште не е дел од службената конвенционална медицина. Ако „новиот начин на живот“ функционира за луѓето кои веќе имаат рак, тогаш тој функционира уште подобро кај луѓето кои го немаат и работат на тоа никогаш и да не заболат од рак.

Тоа што тој го научил е дека ракот е болест на нерамнотежата, т.е. губиток на рамнотежата. Познато е дека постојат промотори на ракот и секој од нас, вели Dr. Servan-Schreiber, може да се запраша кои се тие промотори во нашиот живот. Ризични се цигарите и прекумерното комсумирање на алкохол, потоа рафинираниот шеќер, белото брашно, омега – 6 масните киселини. Од нив треба да се откажеме, советува Dr. Servan-Schreiber, исто како и од разните пластични греачи за вода, некои хемиски средства за чистење и друго.